Премиера на втората сезона на „Одгледани од волци“

Премиерата на втората сезона на научно-фантастичната серија на врвниот режисер Ридли Скот, „Одгледани од волци“ (Raised By Wolves), е закажана за 3. февруари на HBO GO кога ќе бидат достапни првите две епизоди.

„Одгледани од волци“ следи два андроида – Татко и Мајка – кои имаат задача да одгледаат човечки деца на една таинствена и недопрена планета. Во меѓувреме, андроидите учат како да ги контролираат човечките верувања, додека верските разлики се закануваат да ја уништат човечката колонија.

Во втората сезона Мајката (Аманда Колин) и Таткото (Абубакар Салим), заедно со потомството кое го сочинуваат шест деца, се придружуваат на нова атеистичка колонија во таинствената тропска зона позната како Кеплер 22 б. Снаоѓањето во оваа необична заедница е само почеток на нивните неволји затоа што „природното дете“ на Мајката се заканува дека ќе го доведе до изумирање и она малку што останало од човечката раса.

Покрај Аманда Колин и Абубакар Салим, во серијата настапуваат и Тревис Фимел, Нијам Алгар, Ким Енгелбрехт, Винта Маграт, Џордан Лоран, Матијас Варела, Феликс Џејмисон, Итан Хазард, Асија Ша, Ајви Вонг, Питер Кристоферсен, Селина Џонс, Морган Санто, Џејмс Харкнес и Џенифер Саенг.

Продукцијата на серијата е на Scott’s Scott Free Productions, а извршни продуценти се Ридли Скот, Арон Гузиковски (кој во исто време е и автор на серијата), Дејвид В. Закер, Џордан Шијан, Адам Колбренер и Марк Хафам.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...