Само 12 гледачи на премиерата на филмот на Џоли

Само 12 гледачи присуствуваа синоќа во Белград на премиерата на филмот на Анџелина Џоли „Во земјата на крвта и медот“, во кој се раскажува за насилството врз жените за време на војната во БиХ.

Спротивно на информациите во меѓународниот печат, „Во земјата на крвта и медот“ не беше забранет во Србија, но привлече само малкумина љубопитни гледачи.

Филмот раскажува за љубовната приказна на муслиманка и Србин, кои се наоѓаат на две спротивставени страни по избувнување на конфликтот.

За разлика од пред една седмица во Сараево, кога беше претставен пред 5.000 гледачи во присуство на Анџелина Џоли и Бред Пит и проследен со овации, филмот предизвика минимален интерес меѓу српската публика.

Според српското издание „Мондо“, некои од 12-те гледачи ја напуштиле кино салата пред крајот на филмот.
Мирко Беоковиќ од филмската Академија во Белград изјави за српскиот печат дека „филмот е пристрасен, затоа што ги покажува босанските муслимани како цивилизирани луѓе, а Србите - како свирепи селани“.

Режисерското деби Џоли го снимаше со актери од земјите од поранешна Југославија. Филмот беше поздравен од асоцијациите на муслиманските жртви во босанскиот конфликт, но осуден како „антисрпски“ од српските здруженија.

Во војната во Босна загинаа околу 100.000 лица и според податоци на локални организации, околу 20.000 жени биле жртва на сексуално насилство за време на конфликтот



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби