Проштевањето како човечка доблест, а не како религиозна догма

Наслов: Philomena

Режија:
Стивен Феарс

Сценарио:
Стив Куган и Џеф Поуп

Улоги:
Стив Куган, Џуди Денч, Барбара Џефорд...

Жанр:
драма

Времетраење: 95 мин.





Џуди Денч е национално богатство. Пред само неколку години објави дека боледува од болест на рожницата по што е приморана сценаријата да и ги читаат, за да може да го запамети текстот. Но, оваа 79-годишна жива легенда докажува дека староста и болестите кои доаѓаат со неа не се пречка за да биде маестрална. Оваа година таа ја освои 7-та номинација за Оскар во кариерата и се разбира Џуди е повторно апсолутно генијална.

Оскаровката во најновиот проект Philomena е Филомена Ли. Жена која поминала 50 години барајќи го синот. Како тинејџерка во Ирска забременила и родителите ја испратиле во католички манастир (Magdalene asylum), место каде што најчесто завршувале невенчаните мајки. Таму се породила а подоцна и „работела на искупување на гревовите“. По само неколку години синот Ентони бил посвоен од американски родители и никогаш повеќе не го видела. Пет декади подоцна, нејзината ќерка ќе го исконтактира посрамениот екс новинар од BBC и „спин доктор“, Мартин Сиксмит (Стив Коган) и ќе го замоли за помош –да го пронајдат Ентони. Тој со доза на колебање ќе ја прифати „Одисејата“, но тоа што ќе го дознаат ќе биде вистинско изненадување за двајцата.

Phiomena е прекрасна студија на карактери, колку што е и студија на самата истрага. Куган и Поуп направиле многу тенка црвена линија помеѓу тие две нешта во сценариото, но како гледач вие сте интригирани од приказната која се „одмотува“ пред вас, а фасцинирани од ликовите. Филомена за почеток. Прекрасна старица која својата добрина несвесно од сцена во сцена ја претвора во заразна наивност. И прекрасно е да се гледаат овие квалитети од Денч во филмов. А искрено двајцата главни ликови не можат да бидат поспротивни. Филомена. Цел живот водена од „католичка вина“ и покорна на догмите на црквата. Но, фасцинантно е колку не е обземена со презир не само кон црквата туку и кон лицата кои и го одземале синот. Уште од првата заедничка сцена таа ќе му потенцира„ Дел од калуѓерките беа многу добри“. Си помислив, „Аман! половина век подоцна, по се што преживеала, таа ги брани.“ 

Мартин пак, од друга страна е се што таа не е. Пропаднат католик претворен во атеист кој повеќе ги користи логиката и интелектот. Размислува како новинар во секоја ситуација. „Тоа што ти го сториле било злобно“ во една сцена ќе искоментира ќерката на Филомена. –Не го сакам тој збор“ ќе и возврати таа. – Не не! злобата е добра... Во контекст на приказната мислам, ќе одговори Мартин. Новинарскиот начин на размислување. Лошата вест продава повеќе од добрата. 

Во сценариото на Куган и Поуп фасцинира и комичниот тајминг. Хуморот е присутен многу повеќе отколку што можев да си замислам пред да го гледам, но шегите се соодветно „дозирани“ и пласирани на вистинските места без да ја маловажат приказната. Само да ја направат попријатна за гледачот. Вистинска реткост во денешните филмови.

За крај, за глумата на Џуди не вреди да се трошат зборови, Само треба да се погледне нејзиниот перформанс и да се ужива во него. Се е сведено до совршенство, дури прекрасниот ирски акцент. Но не сфаќам зашто и Стив Куган не освои номинација за главна машка улога. Само погледнете ја сцената во ресторанот кога ќе дознае за судбината на синот на Филомена. Апсолутно маестрална глума од почеток до крај од Куган.

Philomena е филм за Одисејата на една мајка за да си го пронајде синот кој го изгубила- не по своја вина. Но, ако подобро размислиме во с’ржта тој е приказна за проштевањето. Како човечка доблест, а не како религиозна догма.

С. Лазаревска



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...