Да се зачува останато-да се пронајде исчезнатото

Наслов: Monuments Men

Режија:
Џорџ Клуни

Сценарио:
Џорџ Клуни/Грант Хеслоу

Улоги:
Џорџ Клуни, Мет Дејмон, Џон Гудман, Бил Мареј, Кејт Бланшет, Боб Балабан....

Жанр:
историска воена драма

Времетраење: 118 мин.




Двојниот оскаровец, Џорџ Клуни оваа година ни го претстави својот петти режисерски обид во играните филмови- Monuments Men. Адаптиран од книгата The Monuments Men: Allied Heroes, Nazi Thieves and the Greatest Treasure Hunt in History, филмот е холивудска верзија на неверојатната мисија на група мажи низ најужасниот период на светската историја. Втората Светска војна.

Френк Стоукс (Клуни) во Monuments Men ќе го убеди претседателот на САД, Двајт Ејзенхауер да  му дозволи да формира тим од куратори, архитекти, склуптори, историчари и конзерватори со цел да го зачува светското уметничко наследство кое нацистите во Втората Светска војна го краделе за во Fuhrer Museum (музејот на Хитлер). Тимот на Стоукс во состав Џејмс Грејнџер (Дејмон), Ричард Кембел (Бил Мареј), Волтер Гарфилд (Џон Гудман), Жан Клод Клермонт (Жан Дужардан), Престон Савиц (Боб Балабан) и Доналд Џефрис (Хју Боневил) ќе се обиде да го пронајде украденото, да го зачува од уништување и да го врати на сопствениците. Но, мисијата нема да биде лесна.

Џорџ за да го создаде Monuments Men успеал да го добие режисерското столче, да го напише сценариото (заедно со Грант Хеслоу), да глуми во него и да ги собере најталентираните актери на денешницата, но ништо од тоа за жал не го дало посакуваниот резултат. Епилогот е филм на кој му недостасува структурна поддршка, солидно изградени карактери, цврста наративна прогресија и фокус во развојот на приказната. А, таа е навистина интригантна. Филм кој се осврнува на аспект од историјата за кој многу малку се знае во јавноста. Сепак, ако сакате да бидете поинформирани на оваа тема погледнете го и документарецот The Raping Of Europa од 2006-та година, кој е навистина одличен. Но, сега пред нас ни се претставени вистински херои (исполирани на холивудски начин се разбира) кои успеале да спасат илјадници парчиња уметност од рацете на Нацистите, но ниту еден од ликовите не е квалитетен доволно за да го запаметите по гледањето на филмот. Актерите да, но не и ликовите. Природната харизма на Жан Дежардан е пријатна колку и да е неговото присуство лимитирано, и се разбира природниот комичен тајминг на Бил Мареј во партнерство со Боб Балабан е маестрален. Но, недостасува хемија помеѓу ликовите. Во еден момент од филмот Стоукс ќе ги спои ликовите во парови и ќе ги испрати посебно на мисијата (потег кој отвора многу можности за развојот на ликовите) но „билдањето“ на врската, во процесот е речиси сведено на нула. Сетете се на „Saving Private Ryan“ на пример. Целиот тим на Џон Милер (Том Хенкс) беше како едно, но речиси секој од ликовите јасно го паметиме и сакаме до ден денешен. А дури со самото треперење на раката на Том Хенкс можевме да прочитаме голем дел од неговото минато, неговиот живот.

Во Monuments Men не само што ни се оскудно прикажани биографиите на ликовите (со мали сцени како на пример приказната за дедото на војникот Сем) туку добиваме екстремно глупави сцени како таа кога Џејмс ќе нагази на не-експлодирана мина. –„Why Would You Do That“? Тоа е прашањето кое Стоукс и Гарфилд ќе му го постават на Џејмс во само 1 минута. Навистина? Кои се шансите да нагази на мина во сред војна, си помислив... Прилично големи. 

Клер Симон е единствената дама во машки доминантната екипа, и Кејт Бланшет е маестрална како и што може да се очекува од актерка од нејзиниот калибар. Голем дел од дејствието кое води до епилогот на филмот е во нејзини раце, но тука е недоволно искористена (а и самиот лик), што е навистина штета бидејќи Кејт е повторно солидна покрај Дејмон (прв пат глумеа заедно во Talented Mr. Ripley). Филмот си има свои моменти кога флертува со комедијата како жанр, а за тоа помалку помага и присуството на Бил Мареј, Џон Гудман и Боб Балабан, но овој пат мешањето на жанрови кое го видовме и знаеме дека може делумно да успее во филм на Клуни (Confessions Of A Dangerous Mind), за жал не го допира вистинскиот тон во Monuments Men.

Monuments Men е холивудски хаос со најдоброто од Холивуд. Најслабиот режисерски обид на Клуни (речиси на иста линија со Leatherheads), но мора да му се дадат поени за самата иницијатива, екипата на актери и за самата приказна која се обидел да ја раскаже.

С. Лазаревска

Monuments Men ќе можете да го погледнете во Cineplexx кино-салите:

* секој ден: 19:45, 22:00 часот



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...