Приказната на една нимфоманка

Наслов: Nymphomaniac

Режија:
Ларс вон Триер

Сценарио:
Ларс вон Триер

Улоги:
Шарлот Гинзберг, Шаја Лебјуф, Стелан Скарсгард, Стејси Мартин...

Жанр:
еротска драма

Времетраење: 241 м. поделени во два дела



Ларс вон Триер. Провокатор по вокација. Режисер, уметник „луд гениј“, кој низ годините успеа да си создаде своја база на фанови, поддржувачи кои повеќе не се екстремно шокирани од неговите филмови. Како на пример Numphomaniac, најновото остварување на Данецот.

Во Numphomaniac, Шарлот Гинзберг е Џо. Самопрогласена нимфоманка. Кога ќе биде пронајдена во темна запустена улица, претепана и оставена сама на себе, непознатиот минувач Селигман (Стелан Скарсгард ) ќе ја однесе во неговиот стан за да и укаже помош и да и понуди шоља чај. Таму низ разговор Џо ќе му ја раскаже својата животна приказна почнувајќи од детството и нормално пропратните фази на нејзината зависност. Сексуалната зависност.

Тишина во темна улица. Паѓа лесен снег и на улицата лежи претепана жена. По само три минути ја слушаме Fuhre Mich од Rammstein. Си се насмеав и си помислив, ова ќе биде најпретенциозниот филм на Ларс до сега. И искрено по гледањето на 4-часовното дело, да Nympomaniac е претенциозен, вознемирувачки, бизарен, еклектичен но и изненадувачки гледлив. Во духот на Dogme 95 движењето, нема споменување на датуми, места, градови и временски инклинации од било каков вид, а дури ниту според облеката на ликовите не можете да го сместите во ниту период. Сепак, Џо кога ќе ја започне својата приказна ќе започне од најраното детство. “I discovered my cunt at age 2“, му вели Џо на Селигман. Поделен на два дела (вториот многу потемен во тонот од првиот) филмот е сторија за женската сексуалност и зависноста. Бидејќи тоа е и главната хероина.

Таа е зависник. Свесно ја одбива љубовта како прифатлива емоција. Иронично, бидејќи таа во една сцена вели: „Јас сум зависник од желба, а не од потреба“. Желбата е емоција, но таа го сака делот кој не ја инволвира љубовта. Џо ја гледаме во најексплицитните сексуални пози (S&M, орален секс, хомосексуален, ménage à trois - тројка) но интересно ниту една од нив не инволвира бакнување. Можеби најинтимниот чин од сите. Ако забележите има мали траги и од Antichrist. Синот на Џо (Марсел) во вториот дел од Nymphomaniac за среќа ќе биде спасен од страна на Џером (Шаја Лебјуф) пред да се случи трагедијата од претходникот на Ларс. Електра комплексот на Фројд е „чепнат“ исто така, покрај долгите сцени со дијалог за рибарењето, поделбата на источната и западната црква, Фибоначи низата. „Мајка ми беше тоа што можете да го наречете ладна кучка“ со подеднакво ладна монотонија во гласот, вели Џо и уште на стартот го согледувате презирот кон мајка си.

Nymphomaniac се гордее со одлична актерка екипа, која горе-доле често можевме да ја видиме и во претходните филмови на Ларс. Шарлот Гинсберг и Стелан Скарсгард се солидни, а исто така и новајлијката Стејси Мартин како младата Џо, но изненадувачки маестрални се Џејми Бел и Ума Турман. Турман е брилијантна во улогата на госпоѓа К. огорчената сопруга на еден од љубовниците на Џо. И сцената во која таа ќе си ги донесе децата за да го видат „курварскиот кревет“ во кој нивниот татко ја изневерува е по деградирачка од сите садо-мазо сесии со К (Џејми Бел), а дури и сексуалниот натпревар на Џо во возот. Натпреварот на Џо со нејзината другарка Б (Софи Кенеди Кларк), која од нив две ќе има секс со повеќе мажи во возот, ќе добие пакетче слатки.

Nymphomaniac e провокативен. Тоа е неоспорно. Но, Ларс е паметен исто колку што е провокатор. Добро знае дека визуелно експлицитните сцени имаат помала вредност отколку тие кои ја инволвираат осаменоста, зависноста, оттуѓувањето. Гледачите можат да видат секс сцени како тие во Нимфоманијак на секој порно сајт, но дали можат да ја разберат Џо?

С. Лазаревска



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...