Конечно разјаснето контроверзното завршување на Lost!

По многуте шпекулации и четири години од завршувањето на популарната серија „Lost“ (Изгубени), нејзините продуценти Дејмон Линделоф и Карлитон Кјус одлучија да го објаснат крајот.

Кога по шестата сезона, во 2010-та беше прикажана последната епизода од „Lost“, многу обожаватели не беа задоволни од крајот, бидејќи сметаа дека многу прашања останаа неодговорени.

По бројните шпекулации, продуцентите сега решија да го откријат крајот. Иако многумина мислеа дека островот претставувал чистилиште, приказната е поинаква.

Чувствувавме дека крајот треба да биде духовен

- Не, не, не. Тие не беа мртви цело време. Ликовите кои го преживеаја падот на авионот навистина беа на остров, а сите беа мртви дури во финалната, заедничката сцена во црквата. Завршија во рајот, објаснија продуцентите и додадоа дека сакале серијата да претставува метафора за оние луѓе кои се изгубени и ја бараат смислата на животот.

- Чувствувавме дека до крајот треба да се биде духовен, да говориме за судбината, заклучија Линделоф и Кјуз. Причината за нивното, но и за собирањето на скоро целата постава на оваа серија, беше 10-та годишнина од почетокот на прикажувањето на „Lost“.

Еве ги петте главни заклучоци кои ги објавија странските медиуми од собирот на „Lost“:

1. Дали тие беа мртви цело време?

Некои веруваат дека преживеаните, всушност тоа не ни беа, туку беа починати. Но, продуцентите велат дека тоа не е точно. Во последната сцена од последната епизода на плажата се гледаат остатоци од авионот, па оваа сцена ги поттикна гласините дека целиот тим навистина не постои. Сепак продуцентите велат, патниците преживеале, а островот е вистински.

Сцените се снимени на Хаваите, а тоа било вистински предизвик.

Првиот пат кога се снимала сцената со сплавот, тој потонал. Времето било ветровито и дождливо. Било навистина тешко сѐ да се фати со камера.

„Умирањето“ на ликовите

Првичниот план бил да почине Џек, но потоа одлучиле тој да биде главен лик. Тоа е причината зошто во првата епизода е убиени Бун, кој го глумеше Јан Сомерхалдер.

Глупави теории

Тимот што ја креираше популарната серија слушнал многу теории за своите „Lost“, но како најглупава ја кажуваат онаа кога еден гледач на серијата тврдел дека преживеаните биле всушност клонирани – а приказната за „Lost“ била приказна за клонови.



Крајот на серијата и главниот заклучок


Серијата е всушност приказна за луѓе кои се губат во нивните животи. Целта била секој од нив да си ја најде својата смисла, а продуцентите се согласиле дека крајот треба да биде духовен. Сакале да ги допрат прашањата и да ја откријат смислата на животот, како и она што се случува после смртта.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...