Секси проститутката и човекот со торбата

Наслов:
The Bag Man

Режија:
Дејвид Грович

Сценарио: Дејвид Грович и Пол Кронвеј

Улоги:
Џон Кјузак, Ребека да Коста, Роберт де Ниро, Криспин Гловер....

Времетраење: 108 мин.

Жанр:
крими-трилер

Година на издавање:
2014-та

Кариерата на Џон Кјузак пост High Fidelity е прилично еклектична. Преку 20 филмови во неговото C.V. но чудниот избор на неквалитетни дела (а со тоа и на улоги) доминираат над тие квалитетните. Следеше American Sweathearts, ужасната романтична комедија со дури две оскаровки, солидниот трилер Runaway Jury (со дури тројца оскаровци), маестралниот психолошки хорор 1408, одличната политичката сатира War Inc, а Џон имаше можност да глуми и вистински личности. Едгар Алан По во The Raven и екс претседателот Ричард Никсон во The Butler. Но, ниту еден од овие филмови не го поврати култниот статус кој го имаше пред High Fidelity.

Сега во 2014-та година ни го претстави најновиот проект. The Bag Man. Во трилерот на Дејвид Гровиќ, Кјузак е Џек. Платен убиец, најмен од Драгна (Роберт де Ниро) да транспортира црна кожна торба и да му ја донесе во мотелот во Луизијана. Поточно во собата број 13 од мотелот. Џек ќе му ја даде торбата, а тој на него парите за услугата, но никако во ниту еден миг не смее да види што има во неа. Сепак, таму работите уште повеќе ќе појдат на лошо за Џек, особено поради луѓето кои ќе ги сретне во мотелот.

The Bag Man се труди да биде многу работи во 108-те минути. Трилер, Noir, хорор, псхихолошки филм, но всушност е хаос со премногу клише моменти кои може да се избројат. Најпрво ликот на Де Ниро и неговиот дел од премисата во Bag Man премногу потсетуваат на Сајфер, ликот кој го портретираше во Angel Heart. Сега тој е криминалец кој ќе го најми Џек (Џон Кјузак) за да пронајде и транспортира торба. Во филмот од 1987-ма година негов клиент беше  приватниот детектив Ејнџел (Мики Рурк) но сличностите со двете дела не можат да се игнорираат. Најголемиот „непријател“ на The Bag Man е неговото сценарио. Режисерот почетник кој е воедно и ко-сценарист очигледно сакал да направи neo-noir филм но не успеал да ја реализира својата замисла. Мотел во пустелија, мистериозна торба, психо-консиерж во мотелот кој е копија на Норман Бејтс (Криспин Гловер), Рифка (Ребека де Коста) „проститутката“ со мистериозен акцент, која треба да го претставува Femme Fatalе-от, сцени снимани во многу темница. Сите тие нешта се присутни, но резултатот е мрзелив и неиновативен филм кој речиси делува како да е аматерски. Да, ова е прв филм во кариерата на режисерот, но златно правило е кога ги имаш Де Ниро и Кјузак  во тимот обиди се барем да им дадеш попредизвикувачки дијалог. Тие го заслужуваат тоа.

-Зошто не го искористи Fed-Ex за ова? - Го прашува Џек својот шеф, за одлуката да го најми него за трансфер на торбата. –Затоа што те најмив тебе, е одговорот од Драгна. А, да не го споменувам бизарното објаснување зошто Драгна по гледањето на епизода од Full House станал криминалец, а не професор како што планирал. Да, да, комичната серија Full House со Боб Сегет и Џон Стемос во главните улоги.

Но, едно нешто е неоспорно. Глумата од Де Ниро и Кјузак е солидна. Тие се премногу добри актери за да дозволат да бидат поразени од непредзивикувачки крими-трилер (кој се обидува да украде и од Seven на пример), а кој за жал не креира тензија кај гледачот. По одреден период од гледањето едноставно не не интересира што има во торбата, а и откако ќе дознаеме тоа чувство на индиферентност останува до крајот. The Bag Man е совршен пример за тоа како со под-просечно рециклирано сценарио и одлични актери (кои и покрај што се надвор од вообичаената форма се сè уште респектабилни) можеш да создадеш уште под-просечен филм.

С. Лазаревска

The Bag Man можете да го погледнете во Cineplexx кино-салите:

* Секој ден од:  19:00, 20:15, 21:15, 22:15 часот



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...