Храбрите и вљубените од иднината

Наслов:
Divergent

Режија:
Нил Бургер

Сценарио:
Еван Доерти и Вероника Рот

Улоги:
Шајлин Вудли, Тео Џејмс, Кејт Винслет, Ешли Џад, Џеј Кортни...

Жанр:
СФ трилер

Времетаење: 139 мин.




Трендот продолжува и во 2014-та. Адаптацијата на Young Adult литературата ја продолжува Ренесансата. Откако Холивуд ја откри равенката за правење совршен и финансиски исплатлив блокбастер, а која горе-долу изгледа вака: „збунети тинејџери + љубовен тријаголник или забранета романса + згодни актери“, па Меката на филмската уметност доби резултат = инстант популарна франшиза за тинејџерите и адолесцентите. Divergent e последниот проект. Адаптиран од истоимената книга на Вероника Рот (која има само 25 години, и технички самата е Young Adult), веќе беше на бестелер листата на Њујорк Тајмс.

По „големата војна“ Divergent е сместен во пост-апокалиптичниот Чикаго. Тоа што останало од човештвото сега е поделено на 5 фракции, базирани на карактерите на луѓето во нив. Несебичност, хармоничност, искреност, интелегенција, храброст. Беатрис „Трис“ Прајор (Шајлин Вудли) и нејзиниот брат Кејлеб (Ансел Елгорт), како и останатите 16-годишни тинејџери треба да се подлегнат на тест кој треба да им покаже на која фракција припаѓаат. Но, тестот ќе покаже дека е Divergent, т.е. дека е една од ретките која припаѓа во три различни фракции. Со нејзината дарба, таа претставува закана за системот, но на денот на изборот, таа ќе ја одбере фракцијата Dauntless (храбрите жители кои го чуваат редот во Чикаго). Во новата фракција ќе наиде на доста пречки (физички и психолошки), но таму ќе го запознае згодниот инструктор Тобијас (four) Етон.

Divergent е предолг, со пребавен и конфузен развој на дејствието, споро пулсирачко темпо, но изненадувачки гледлив во најголемиот дел. Можеби затоа што има солидна режија, одличен саунтрак и млади и талентирани актери во главните улоги. А да не споменувам дека поседуваат и доза на сексапил која ги прави нови инстант тинејџ херои. Шарлин Вудли искрено ме восхити со нејзината глума во The Descendants. Таа навистина солидно се носеше покрај Џорџ Клуни, а сега иако е солидна во својот перформанс, нејзиниот лик е неконзистентен (како и самото сценарио) па нема многу простор за да покаже што знае. Тео Џејмс е исто така солиден како Тобијас инструкторот на Dauntless фракцијата, но нивото на хемија потребно барем малку да го возбудат гледачот доаѓа по речиси час и половина од дејствието и тоа (како и романсата) се контролирани и дозирани. Филмот поседува и одлични искусни (постари) актери. Ешли Џад и Тони Гудвин на пример како родителите на Беатрис, а во споредна улога е и оскаровката Кејт Винслет како Џанин, лидерот на Erudite фракцијата (интелегентните). Кејт е маестрална, но навистина би било паметно ако сценаристите и дале повеќе присуство. Неколкуте сцени во кои таа се појавува спорадично се недоволни за актерка од нејзиниот калибар во филм од 2 и пол часа. А кога веќе ја гледаме, делува како да и е екстремно досадно.

Од време на време не смеат да се игнорираат екстремно сличните „украдените“ моменти од пост-апокалиптичните филмови од минатото. Од серумот кој се инјектира во вратот од Equilibrium (ок во филмот со Кристијан Бејл тој беше со друга намена), до тренингот на учесниците од Hunger Games. Сепак, од новитетите дознаваме дека во Divergent суетата е табу тема и на жителите им е дозволено да се гледаат во огледало само во специјални прилики. Но, и покрај тоа што не беше објаснето што точно се случило со светот за да дојдат до ситуацијата во која се, Divergent покрена во мене хипотетичката мисла за можната чудна иднина на пост апокалиптичното општество, базирана на поредокот во Divergent.

Ако би ги поделиле луѓето со цел да создадеме ред во поредокот, дали би било контра-продуктивно да се сегрегираат луѓето на фракции базирани на само една карактеристика/доблест? Зарем интелегентните не можат да бидат и храбри и чесни? Или поседувањето на повеќе доблести во иднина ќе се казнува со закон? Divergent смета така.

С. Лазаревска



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...