Богатите напред- сиромашните назад

Наслов: Snowpiercer

Режија:
Џон Хо Бонг

Сценарио:
Џон Хо Бонг и Кели Мастерсон

Улоги:
Крис Еванс, Џејми Бејл, Тилда Свинтон, Октавија Спенсер, Џон Хрт, Ед Харис....

Времетраење: 125 мин.

Жанр:
сф/трилер



Годината е 2031-ва. Земјата веќе 18-та година е во постојана „ледена доба“. Животот е непостоечки. Сè е изумрено поради поларните температури и сè на површината е покриено со снег. Населението речиси и да не постои, а тие малкуте што имале среќа да преживеат се наоѓаат во експресен воз дизајниран од милијардерот Вилфред (Ед Харис) кој постојано кружи над површината. Еден вид на модерна дистописка „ноева арка“. Вагоните на возот се поделени според класниот систем и богатството и додека еден процент од населението ужива во вагоните на почетокот, сиромаштијата мизерува на крајот од возот. Работите ќе се променат кога сиромашните ќе почнат да бунтуваат и помош ќе побараат од Нам (Сонг Канг Хо) човекот кој ги создал вратите на секој од вагоните.

Snowpierser е визуелно предизвикувачко дело. Со одлична кинематографија и маестрална режија од Бонг која го прави темен во атмосферата и налик на стрип од кој и потекнува. Начнува повеќе проблеми за иднината на човештвото, спас на цивилизацијата, но искрено малку се обидува да ги разреши за публиката.

Возот симболично ја претставува состојбата на класите во општеството по апокалипсата (се разбира предизвикана од човекот). Богатите во својата декаденција и ексес уживаат на самиот почеток на возот, додека сиромаштијата во пренатрупаните вагони, налик на клаустрофобично гето живее во мизерија и опресија. Тие се хранат со протеински желе плочки (кои подобро е да не знаат од што се произведуваат) и се подготвуваат за револуција. И искрено мило ми беше кога видов дека тоа што останало од човештвото не било „опресирано“ доволно да заборави како да се бунтува. Тој порив да се бори опстанал кај човекот дури и во најконтролираната средина во иднината. Сега, концептот за нуклеус (општество) поделен во вагони е уште по алегоричен дури и од Elysium. Филмот од 2013-та во кој елитата уживаше на посебна планета, а сиромаштијата мизеруваше во пренаселената Земја, беше ок, но ова е уште поиновативен и симболичен концепт.

Сега ги гледаме и методите на заплашување кои сиромашните треба да ги  „отупат“ во понизност (сурово осакатување), принудна селекција на популацијата... А од другата страна на паричката, тука е и декаденцијата во која уживаат богатите. Суши, градини со овошје, спа третмани, стоматолози, рејв забави. Се разбира присутна е и пропагандата (кај најранливата категорија- децата). Па да си помислив, како и во секој автократски режим, со перење на мозокот се почнува од „мали нозе“. Со други зборови во период од два часа, ни е прикажана темната и нехуманата страна на човештвото компресирана на толку мал простор.

Крис Еванс актерот  кој се прослави со улогата на Captain America, повторно дава изненадувачки солиден перформанс како Куртис, лидерот на бунтот од сиромашниот дел. Претходно дури во два наврати успеа да ме воодушеви како актер (во London и Puncture) но и сега пак успева во тоа. И колку и да не сака да признае на почетокот, како што тој и останатите жители на сиромашните вагони заземаат територија, навистина прераснува во силен лидер на кој може да му се верува. Тоа ми се допаѓа кај овој актер. Способен е да одигра херој дури кога не е херој на хартија.

И искрено освен неговиот лик, останатите не се ниту малку развиени, објаснети и покрај тоа во дел од нив има навистина одлични актери. Тилда Свинтон е повторно маестрална во улогата на Мејсон, една од најодвратните улоги во нејзината кариера. Не смее да се заборави и Сон Ко Хо како Нам, дизајнерот на вратите од вагоните кој заедно со ќерката станале зависници од дрогата Кронол. И тој е одличен до самиот крај.

Но, филмот упатува строга критика не само во социјалните теми, туку и во политичките под-тонови и експлоатацијата на сиромашните. Филмот во најголемиот дел солидно ја билда премисата и развојот, а и специјалните ефекти се одлични. Со секој нов вагон, режисерот ни прикажува нов свет со нови ликови и нови дејствија. Се разбира на моменти губи на темпо како што губи и ликови, а особено разочарува финалето од филмот, т.е конфронтацијата на Куртис со создавачот на возот Вилфорд (Ед Харис). Но, способноста да се цени филмот лежи во неговото гледање како целина. Не само „вагон по вагон“.

С. Лазаревска



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...