Оскаровката Никол Кидман беше забележана од папараците како го снима најновиот филм во близина на Сиднеј, Австралија во сосема поинаков имиџ од кој навикнавме да ја гледаме. Беспрекорен.
Кидман во Strangeland ќе ја глуми Кетрин Паркер, мајка и сопруга која заедно со сопругот Метју (игран од Џозеф Фајнс) ќе започнат потрага по двете деца кои исчезнале по природна катастрофа.
46-годишната Оскаровка беше забележана на сетот на Strangeland во долна облека со неуредна коса и извалкано тело како е тешена од Фајнс.
Покрај Кидман и Фајнс во останатите улоги ќе се појават и одличните Хјуго Вивинг, Мартин Дингл Вал, Бенедикт Херди... Strangeland е само вториот филм во кариерата на режисерката Ким Варант по документарецот Naked On The Inside.
Премиерата на Strangeland се очекува следната година, но до тогаш погледнете како тече снимањето.