Довербата може да биде смртоносна

Наслов:
Captain America- Winter Soldier

Режија:
Ентони и Џо Русо

Сценарио: Кристофер Маркус и Стивен Мекфили

Улоги:
Крис Еванс, Скарлет Јохансон, Себастијан Стан, Роберт Редфорд, Ентони Меки...

Времетраење: 136 мин.




Наташа Романов (Скарлет Јохансон) пристигнува со автомобил и ги наоѓа Стив Роџерс/Капетан Америка (Крис Еванс) и Сем Вилсон (Ентони Меки) изморени и испотени по џогирањето. –„Здраво момци! Да не знаете на каде е Смитсонијан музејот? Треба да подигнам фосил. - му вели таа.

Сега Роџерс е „жив фосил“ кој се обидува да се прилагоди на животот во 21-от век. Се е ново за него. Интернетот, музиката па дури и бакнувањето. Но, тој е дел од S.H.I.E.L.D. и заедно со Наташа и S.T.R.I.K.E. тимот на агенцијата (вид на специјални сили) работат на мисии зададени од директорот Ник Фјури (Самуел Л. Џексон). Но кога тој ќе претрпи обид за атентат, главниот на советот на безбедност Александар Пирс (Роберт Редфорд) ќе го смета токму Роџерс за осомничен број. 1. Капетанот Америка ќе дознае дека има „диво месо“ во самата агенција, но и дека новите иновации во неа се закана да предизвикаат повеќе зло отколку добро.

Captain America Winter Soldier е само првиот блок-бастер во кариерата на браќата режисери Ентони и Џо Русо, но искрено го создадоа можеби најдобриот Marvell филм во изминатите неколку години. The Avengers е сериозна конкуренција за таа титула, но тоа што фасцинира во The Winter Soldier е тоа што не влегува во супер-херој шаблонот на филмови на кои до сега навикнавме, туку повеќе делува како „old school“ трилер во „духот“ и добар Џејмс Бонд филм во „срцето“ со одлични (и навистина мислам одлични) специјални ефекти во акционите сцени.

Сценаристите сега покрај борбата со адаптацијата, уште повеќе ја истакнале наивноста, изолираноста, осаменоста и чесноста во карактерот на главниот лик, но и го направиле алегорија за модерните „херои“ на денешницата  кои се борат за вредностите во кои веруваат.

Вистината, правдата, разоткривање на скандалите на глобално ниво.... Во капетанот Америка видов и мал дел од Едвард Сноуден, кој минатата година ја објави вистината за американското контра-разузнавање. За некого тие би биле маани, но кај Роџерс се доблести кои го прават уште попрекрасен лик. А супер е и хемијата со ветеранот Сем Вилсон (Меки), кој пак како и многу други екс војници кои служеле воен рок се борат со пост-трауматскиот стрес и животот пост армијата. Двајцата ќе оформат речиси братска врска со доза на хумор и супер-хемија. Партнерството на Роџерс и Романов е исто така маестрално прикажано, но тимската работа на триото е задоволство да се гледа особено во последната третина од филмот.

Довербата е главната тема која како нишка се провејува, а може да се каже дека е „лепилото“ кое ги држи сите делови од филмот заедно. Таа е тестирана од речиси сите ликови, но сега фасцинира и самиот кастинг во нив. Сега го гледаме и враќањето на Себастијан Стан во улогата на Баки Барнс пријателот на Капетанот Америка, но сега како неговото злобно алтер его Winter Soldier. Но, најголемото изненадување во вториот дел е присуството на Роберт Редфорд. Поточно тоа се две изненадувања. Прво. На возраст од 77 години, Редфорд глуми во Marvell филм за супер-херои и второто изненадување... Актерот кој си изгради кариера на херој кој ја открива вистината, се бори за правда (Three Days Of The Condor, All The Presidents Men) сега е на другата страна од паричката.  Се разбира Редфорд е апсолутно брилијантен во улогата на Пајн, но сценаристите знаеле колку е драгоцено неговото присуство не само за филмот, туку и за помладите актери кои има многу да научат од него. И тие им го овозможиле тоа искуство со што направиле Редфорд да има барем една-две сцени со речиси сите помлади актери (Стал, Грило, Еванс, Јохансон). Тие се млади, но го немаат искуството кое тој го има, и да се глуми во иста сцена наспроти таков талент како Редфорд е голема чест.

И за крај ќе завршам со една реплика од Honest Trailer-от за The Avengers кој го погледнав пред неколку дена. Во него нараторот за Captain America вели: „Најнеомилениот лик од Avengers кој едноставно мора да биде дел од нив“. Имам една теорија за анимозитетот кон овој супер херој. Тој е потценуван не затоа што е неразбран од публиката, туку од одговорните кои треба да и го претстават на публиката.

С. Лазаревска

Captain America-Winter Soldier може да го погледнете во Cineplexx кино- салите во Скопје:

работни денови: 16:30, 17:15, 19:00, 20:00, 21:30, 22:40 часот
викенд: 12:00, 13:20, 14:40, 16:30, 17:15, 19:00, 20:00, 21:30, 22:40 часот



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...