Филмската приказна за арката на Ное

Вербата ставена на тест

Наслов:
Noah

Режија:
Дарен Аронофски

Сценарио: Дарен Аронофски и Ари Хендел

Улоги:
Расел Кроу, Џенифер Конели, Реј Винсон, Ема Вотсон, Ентони Хопкинс...

Времетраење: 138 мин.

Жанр:
библиска драма

Година на издавање:
2014-та



Расел Кроу и Џенифер Конели беа заедно на филмското платно за прв пат пред 13 години во A Beautiful Mind, биографскиот филм на Рон Хауард. Оскаровецот беше Џон Неш Џуниор, нобеловецот математичар/економист, а Оскаровката беше неговата сопруга Алисија.

Сега двајцата се здружија повторно и по втор пат во кариерите портретираат пар. Најновиот заеднички проект е Noah. Последната адаптација на библиската приказна за Ное и неговата мисија, напишана од Дарен Аронофски и неговиот цимер од Харвард, Ари Хендел, а режирана само од Аронофски. Приказната е прилично позната дури и на секуларно воспитуваните атеисти како авторот на овој текст. „Креаторот“ е незадоволен од тоа во што се претворило човештвото, и ќе му „порача“ на Ное (Расел Кроу) да направи решение за зачувување на невините пред потопот (форма на божја казна). Решението е арка на која ќе ги собере сите животни на планетава т.е. по еден примерок од секој пол. Нов почеток. „The Storm can not be stopped, but it can be survived, вели Ное во една сцена очекувајќи го потопот. Тој живее со сопругата Намех (Конели) и трите сина Сем, Хам и Јавет но подоцна на фамилијата ќе се придружи и сирачето Ила (Ема Вотсон), која пак ќе му стане идна снаа. Покрај помош од фамилијата Ноа ќе добие и помош од The Watchers, паднатите ангели, претворени во камени џинови на Земјата, но закана за неговата мисија ќе биде злобниот Тубал Каин (Реј Винстон) и неговите следбеници.

Noah предизвика многу контроверзии уште пред премиерата кај религиските организации на Запад, а беше забранет и во голем дел од исламските земји на Исток. Најчестата поплака кај првите е дека не е верен до материјалот, но како што нагласив не сум запознаена со Генезата па ќе се обидам да се осврнам од поинаков агол. Во ред. И да се точни тврдењата на публиката и теолошките експерти, не смее да се заборави дека филмот е артистичко видување на двајца современи и образовани луѓе на дел од една од најстарите книги во постоење. На пример, терминот „Господ“ исто така не се споменува во Noah. Сега го слушаме терминот „The Creator“ за совршеното натприродно битие. А од ликовите кои можеме да ги видиме како физички присутни, фасцинира глумата на Расел Кроу во насловната улога, но и на Конели во улогата на неговата сопруга. Сценаристите ја направиле транзицијата на Ноа од херој во анти-херој на малку чуден начин, но за аплауз од Аронофски и Хендел е одлуката да ја постават поплавата (и се што води до неа) во центарот на дејствието наместо при самиот крај т.е. во кулминацијата. Можеби со тоа се направил филмот подолг за околу 45 минути, но сепак станува за епски филм и до одреден степен е дозволено.

Сепак, Аронофски не потфрлил во режијата. Таа е одлилчна, а надополнета со одлични и спектакуларни специјални ефекти, резултатот е амбициозен и провокативен филм на еден од најдобрите режисери на денешницата. Спектакуларна е борбата на Тубал - Каин и неговите следбеници против Ное и The Watchers, а и самата поплава, т.е потопот е маестрално прикажан од страна на одделот за специјални ефекти. Уметничката визија пак на Аронофски е посуптилно изразена во самата порака кои сакал да ја пренесе преку ликот на Ное. Дека неговата мисија е всушност основата кај сите верници од било која религија до ден денешен. Почитување и исполнување на заповедите. Нешто што го прават верниците веќе 2000 години наназад.

Лесно е да се отфрли визијата на Аронофски (да дури и во делови од филмот) со објаснувањето „тоа го немаше во Библијата“. Да, филмот е на моменти истоштувачки, на моменти досаден и конфузен, а на моменти тензичен. Сепак, мислам дека Аронофски заедно со ко-сценаристот „грешката“ ја направиле кога не го претставиле филмот уште поочигледно како приказна за самата верба како вродена особина во секој од нас. Таа ја имал човекот многу пред монотеизмот.

С. Лазаревска

Noah можете да го погледнете во Cineplexx кино-салите во Скопје:

*секој ден (освен среда): 15:30, 17:10, 18:10, 20:00, 21:00, 22:40 часот
* среда: 15:30, 17:10, 18:10, 20:00, 21:00, 22:55 часот



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...