Том умира околу 30 пати по ред...

Најди ме кога ќе се разбудиш

Наслов:
Edge Of Tomorrow

Режија:
Даг Лиман

Сценарио: Кристофер Меквери, Џез Батерсворт, Џон Хенри Батерсворт

Улоги:
Том Круз, Емили Блант, Бил Пакстон...

Времетраење: 113 мин.

Жанр:
акција/сф



Том Круз по пауза од 9 години, поточно по War Of The Worlds, повторно се справува со „инвазија од вознземјани“. Сега тој не е татко на две малолетни деца, туку Вилијам Кејџ.

Мајор испратен во Англија со цел да се придружи на Обединетите одбранбени сили кои во блиската иднина (облечени во робот/оклопи) се борат со вонземајните наречени „Мимики“. По „недоразбирањето’ со Генералот Брингам (Брендан Глисон) тој ќе го загуби ранкот на Мајор и како „дезертер војник“ ќе биде однесен на воената база на Хитроу. Таму ќе го запознае и наредникот Фарел (Бил Пакстон), но со првата „смрт“ на военото поле ќе добие неверојатна дарба за која само Рита Вратаски (Емили Блант) ќе му поверува. Двајцата здружени ќе започнат мисија за да ги истераат вонземјаните од Земјата, но само преку елиминирањето на Омега (матицата на вонземјаните). Тоа нема да биде воопшто лесно.

Со гледањето на Edge Of Tomorrow ќе забележите повеќе очигледни сличности во премисата со Starship Troopers, Source Code, Looper, Groundhond Day, но и покрај недостатокот на оригиналност,  Кристофер Меквери (заедно со браќата Бутерсворт) креирале гледлив СФ трилер во сценариото. Сцените со повторувањето на истото дејствие во првите 30-на минути заморуваат и истоштуваат и покрај тоа што се пократки како одминува филмот. Сепак, понатаму сценаристите научиле како да го избегнат овој проблем и да создадат нов креативен начин на прикажување на „де жа ву“ моментите. Триото сценаристи глатко го носат дејствието и покрај тоа што главната хероина Рита по првите 30 минути добива максимум 5 реплики. Нејзе на почетокот ја гледаме повеќе на пропаганда постери, отколку во акција, но тоа е во ред. Сепак, најголемиот придонес на Меквери и компанија поврзан со самите двајца ликови е тоа како ги претставиле на самиот почеток, а и како ги трансформирале низ прогресот на филмот. Кејџ на самиот почеток е кукавица и страшливец кој како што вели и самиот никогаш не ни стапнал на воено поле. „Се плашам од крв. Дури и од исеченица од хартија“.

Но, сценаристите знаеле како да го искорисат талентот на Круз, а и неговата природна харизма па полека како одминува дејствието (и со тренингот од Рита) тој ќе прерасне во бестрашниот Том Круз лик кој го сакаме. Круз одлично го завршува вториот дел од задачата. Тој е навистина одличен како неискусниот и страшлив Кејџ кој на почетокот е заглавен во (за него) необјаснива „мобиусова лента“. Сите ја знаеме херојската страна на неговиот перформанс, но убаво е од време на време да видиме да ни го прикаже и кукавичлукот.

Одлична е и Емили Блант. Аплауз најпрво до сценаристите што лик како тој на Рита ја направиле да биде жена. Всушност прекарот и е Full Metal Bitch, и тоа кажува многу за тоа каков воин е навистина. Таа генерално и им пркоси на стереотипите, но и ако се навратиме во историјата улогите за женски херој ликови во холивудските блокбастери се оскудни (искрено не гледаме често ликови од калибарот на Сара Конор или Елен Рипли). Сепак, можеби требало да уфрлат и повеќе можности за романса помеѓу двата лика. Таа е сега партнерот на Кејџ во борбата, неговиот ментор, а не потенцијална девојка и знаејќи го тоа двајцата актери не се потрудиле да прикажат премногу хемија на екранот.

Edge Of Tomorrow е скапа играчка на Холивуд, но за среќа е во исто време е и можеби најзабавниот проект на режисерот Лиман по долго време. Ако се занемари разочарувачкиот расплет кој беше „билдан“ со одлична акција, ова е одличен кам-бек филм и во кариерата на Круз. Брз, возбудлив и со пулсирачко темпо во најголемиот дел, но и маестрална монтажа.

С.Лазаревска

Edge Of Tomorrow може да го погледнете во Cineplexx кино салите:

* секој ден: 16:10, 18:30, 20:45, 21:45 часот

 



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...