Моите, твоите и нашите заедно во Африка

Двајца родители, пет деца и многу проблеми

Наслов:
Blended

Режија:
Френк Корачи

Сценарио:
Клер Сера и Иван Менчел

Улоги:
Адам Сендлер, Дру Баримур, Бела Торн...

Жанр:
комедија

Времетраење: 117 мин.


Aдам Сендлер и Дру Баримур по трет пат се заедно. По The Wedding Singer и 50 First Dates и пауза од една декада двајцата актери повторно се на филмското платно во новата комедија, Blended.

Дру во Blended е Лорен, професионален организатор на плакари и разведена самохрана мајка на два сина, додека пак Адам сега е Џим, вдовец и татко на три ќерки кој работи во продавница за спортска опрема. По ужасниот состанок на слепо во воведната сцена, двајцата од време на време ќе наидуваат еден на друг, но подоцна (одделно) ќе го купат неискористениот пакет аранжман на Џен, пријателката на Лорен (Венди Меклендон Коуви) за одмор во луксузно одморалиште  во Африка. Секој на свој начин одделно ќе успее да дојде до дестинацијата од соништата, но таму ќе сфатат дека нема да бидат толку оддалечени еден од друг како што планираа.

Blended е еден од најлошите филмови на годината, но искрено не е еден од најлошите во кариерата на Адам Сендлер. Охрабрувачки фактор за да се погледне негов филм во последниве неколку години, особено ако се знае опусот на актерот по Punch Drunk Love. Можеби тоа се должи на фактот што повторно ја гледаме хемијата на Адам со Дру Баримур и таа е супер. Двајцата се познаваат доволно добро, а и режисерот Корачи ги познава бидејќи соработуваше со нив на Тhe Wedding Singer. Сепак ниту Дру не може (а искрено ниту се труди со глумата) да го спаси филмот. Двајцата актери и нивните ликови не се најголемиот проблем. Проблемот е што благодарение на сценаристите Сера и Манчел останатите ликови се повеќе иритирачки од неговиот. Во случајов тоа се и децата и возрасните подеднакво. Ќе започнеме со децата. Најстарата ќерка на Џим, Хилари (Бела Торн) упорно ја нарекува Лери. Таа изгледа како момче, татко и ја облекува и се однесува со нејзе како да е момче.

Средната ќерка пак Џим (Ема Фурман) ја крстил по ESPN спортскиот канал, но вознемирувачкиот детаљ за неа е што не може да се помири со фактот дека нејзината мајка е мртва и константно „комуницира“ со неа дури и во јавност. Оваа психолошка пречка сценаристите ја искористиле и во сентименталните моменти, но и во хумористичните сцени кои за жал не функционираат и се повеќе бизарни отколку смешни.

Синовите на Лорен не се подобри. Постариот Брендон (Брекстон Бекам) е сексуално опседнат со бебиситерката Трејси (Лорен Лапкус) и опсесивно заштитнички настроен кон социјалниот живот на мајка си, а помладиот Тајлер (Кајл Силверстејн) е разгалено дете со проблеми при контрола на агресијата. Не смеат да се заборават и Марк, неодговорниот екс сопруг на Лорен (Џоел Мекхејл) и Џен (Венди Меклендон Коуви), ужасната пријателка на Лорен која е „алергична на деца“. Еди и неговата „средовечна криза“, сопругата Џинџер, кои Лорен и Џим ќе ги запознаат во одморалиштето се можеби најнеподносливите од сите, но за среќа се споредни ликови. Хуморот во шегите сега е за нијанса поиновативен од Grown Ups или од Jack And Jill, но е непотребно оддолговлекување на романсата која треба да се развие многу порано во дејствието.

Тоа што најмногу вознемирува во филмот не е хуморот, објективизацијата на жените и исмевањето на траумите на децата (иако и тие се игнорантни и одбивни). Тоа е приказот на африканската култура. Најголемиот дел од дејствието се случува на африканскиот континент т.е. во Јужна Африка. Од жителите гледаме само стереотипни и навредливо прикажани музикални и танцувачки глупчовци. Понизни и услужни кон туристите што се практично претворени во современи „робови“. Можеше толку поинаку да биде пренесено гостопримството, но сепак не смееме да заборавиме на крајот на краиштата станува збор за филм на Адам Сендлер. Стереотипите се специјалност за Сендлер.

С. Лазаревска



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...