Време е да ги запознаеме: Чуварите на галаксијата

Marvel повторно „крчкаше“ и за летово ни подготви нов возбудлив блокбастер. Guardians Of The Galaxy е името, но да се обидеме подобро да ви ги претставиме самите херои во филмот пред премиерата овој месец. Премиерата во Скопје е закажана за 31-ти јули во Cineplexx кино салите.

Само четвртиот режисерски проект на Џејмс Ган, Guardians Of The Galaxy може да се пофали со навистина одлична ѕвездена актерска екипа.

Добро позната на јавноста и почитувана од публиката, актерската екипа предводена од Крис Прат ќе се обиде да ги пренесе супер-хероите од оригиналниот стрип креиран од Ден Абнет и Енди Ленинг на големото платно.



Сепак, додека го очекуваме Guardians Of The Galaxy да се обидеме да ги претставиме самите „чувари на галаксијата“, но и негативецот против кој ќе се борат.

Питер Квил- Star Lord

*портретиран од Крис Прат



Лидерот на чуварите. Грабнат како дете од Земјата по смртта на родителите и одгледан од група на злосторници и крадци кои се нарекуваат Ravagers. Самиот актер морал да побара дозвола од продуцентите на серијата Parks and recreation (во која што толкува една од улогите) да отсуствува од снимањето во сезоната за да може подобро физички да се подготви за оваа улога.

Гамора

*портретирана од Зои Салдана



Сирак од вонземјанската раса која е тренирана да биде десна-рака и платен убиец. Гамора е во потрага по искупување за гревовите од минатото, кои ќе ја прогонуваат цел живот. Актерката сакала да ја портретира улогата на Гамора затоа што до сега немала зелен тен на филмското платно. Син, да (во Avatar), но не и зелен.

Грот

*портретиран од Вин Дизел



Хуманоид со необичен изглед. Налик на дрво многу повеќе се крие зад таа рапава површина над овој лик. Самиот актер го опиша Грот како 100% смртоносен и 100% сладок, а останува да видиме дали е тоа навистина така.

Дрекс- уништувачот

*портретиран од Дејв Батиста

Бестрашен и силен воин во групата на чуварите кој чува посебна одмазда кон главниот негативец Ронан откако тој го убил  неговото семејство. Батиста е пофесионален борач и бодибилдер кој како што објасни не му било премногу тешко физички да се трансформира во улогата, туку повеќе ментално.

Рокет

*портретиран од Бредли Купер



Генетички создаден ракун и претворен во платеник и ловец на богатство. Одличен тактичар и специјалист за оружје и обрана, Рокет треба да биде „мозокот и мускулот“ на овој тим. Бредли за својот тил изјави: „тој е како Џо Пеши во Goodfellas“.  Еден од нај „кул“ ликовите во овој филм.

Ронан „обвинувачот“

*портретиран од Ли Пејс



Негативец од рангот на Локи, но сега за нијанса поголем психопат од него. „Религиски фанатик со извртен поглед на животот“, „чудовиште“ и „психопат“ се зборовите со кои Ли Пејс се обиде да го објасни Ронан, а оригинално самиот актер призна дека тој имал аудиција за да ја добие улогата на Питер Квил. Но му била доделена оваа.

Во споредните улоги ќе имаме можност да ги видиме и одличните Карен Гилијан како Небула сојузничката на Ронан, Џимон Хансоу како Корат интергалактичкиот трагач и уште еден сојузник на Ронан и оскаровецот Бенисио дел Торо како The Colector.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...