Смрт на тиранијата, слобода на работниците

Наслов:
Cesar Chavez

Режија:
Диего Луна

Сценарио:
Кеир Пирсон

Улоги:
Мајкл Пења, Америка Ферера, Розарио Доусон, Џон Малкович....

Времетраење: 102 мин.

Жанр: биографска драма

Година на издавање:
2014-та



„Ме разгневува тоа што живеам во свет во кој човек бере храна како професија, а не може да си го нахрани семејството“ вели Цезар Чавез во истоимениот биографски филм на поборникот за човекови права.

Мајкл Пења ја толкува главната улога во само вториот режисерски долгометражен обид на актерот Диего Луна и неговата борба за подобрување на работните услови на работниците/имигранти во Ј. Калифорнија. Тој ќе успее да ги обедини фармерските работници во 60-те години и преку штрајкови, маршови, протести, блокади на нивните производи (дури и надвор од САД) да војува мирна и ненасилна војна со работодавците за подобри работни услови и подобра плата. Богданович (Џон Макович) богатиот сопственик на лозје и компанија за производство на вино, како еден од засегнатите од штрајкот ќе стори сè што треба мисијата на Цезар да не биде лесна.

Стилот на Луна во режирањето е налик на документарец, а така е третиран филмот и во целина. Сценаристите и режисерот ни го прикажуваат филмот како студија на еден човек и неговата кауза за подобра иднина. Не значи дека целосно успеваат во намерата бидејќи во најголемиот дел главниот лик во ексес е претставен како херојот, а не како човекот. Но, сепак мора да се признае дека за момент сценаристите направиле обид за „спуштање на земја“ на Чавез со зборовите „ни треба лидер, а не маченик“. Не знам колку од неговите постигнувања се прикажани веродостојно, но единствениот приказ на приватниот живот на Чавез го имаме преку кратките сцени со неговиот син Фернандо. Чавез е татко на 8 деца и иако ја добива најголемата поддршка од сопругата Хелен (Америка Ферера) нејзиниот лик е тривијален и минорен, а останатите 7 деца се речиси непостоечки. Минимално е и присуството од Долорес Хуарта, десната рака на Чавез, одлично одглумена од Розарио Досон.

И покрај тоа што Мајкл Пења прикажува солидна глума, во Cesar Chavez се издвојува ветеранот Џон Малкович. Тој е маестрален како Богданович постариот, сопственикот на винеријата на која и се заканува финансиска пропаст поради бојкотот на работниците. Но, изненадување од сценаристите за неговиот лик е што колку и да го претставиле како алчен капиталистички тиранин, му дале трошка на совест и бизнис логика– „И јас сум валкан странец“, вели Богданович во една сцена, како одговор  на навредата од колегата дека работниците се „валкани странци“. Опкружен со латино слугинки и сопственик на лозја на кои работат латино работници, тој за момент ќе ја прикаже и суровата реалност на речиси секој Американец. Секој од нив е имигрант од некаде.

Сценаристите одлучиле документарниот стил да го продолжат и со архивски снимки со цел да ја пришират приказната надвор од ликот на Чавез и надвор од неговата кауза. Да се вмешаат и во политиката од тој период. Роберт Кенеди како демократ ги поддржува работниците, додека пак Роналд Реган на пример како републиканец  ги брани работодавците. За жал Чавез зазема централно место во приказната до крај и малку простор се остава да се развијат останатите ликови. Неговиот пристап до работниците на почетокот е скриен преку карикатури, но има логика. Ја сфаќаме целта и неговата намера со делењето на карикатурите до работниците. Уште во првите 5 минути сфаќаме дека најголем дел од работниците се неписмени, па карикатурите може да ги разбере секој. Прашањето е дали се тие доволно храбри за да се изборат за промената која сакаат да ја видат откако ќе ги разберат.

С. Лазаревска

Cesar Chavez ќе можете да го погледнете во Cineplexx кино-салите од 31.7.2014.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...