Дај кажете добро филмче: Шекспир + Џос Ведон = магија!

Џос Видон не губеше време помеѓу двата Avenges блокбастери. Тој се дружеше со познатото друштво на актери и со омилениот писател, Вилијам Шекспир.

Па така веднаш по The Avengers, само третиот блокбастер по заработка во историјата, тој го создаде Much Ado About Nothing - Многу врева за ништо, филм со микро буџет, но бесценета актерска екипа.

Адаптиран од истоимената комедија на Вилијам Шекспир, но сместен во сегашно време, Многу врева за ништо е најновата филмска адаптација на класичната љубовна приказна за Беатрис и Бенедикт, двајца тврдоглваи индивидуи кои мора да бидат „турнати“ во романса од нивните роднини и пријатели. Урнебесно смешен, режиран во црно-бела техника со маестрална актерска екипа, Многу врева за ништо е најновиот предлог на Идивиди за филм кој има единствена маана. Заборавен е од времето.

Наслов:
Much Ado About Nothing

Режија:
Џос Ведон

Сценарио:
Џос Ведон базирано на Much Ado About Nothing од В. Шекспир

Улоги:
Ејми Екер, Алексис Денисоф, Рид Дајмонд, Нејтан Филион...

Времетраење:
108 мин.


Самиот Џос Ведон во едно интервју изјави дека буџетот за снимање бил толку мал што филмот морал да го сними во сопствениот дом, а како статисти ги повикал неговите пријатели.

Тој пред да започне снимањето на сцената во која има забава покрај базенот им напишал и испратил мејл на пријателите да дојдат кај него дома и да глумат дека се гости на забава. Останатото е историја.

Погледнете го трејлерот за Much Ado About Nothing.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...