Ќе го дешифрираме Наци кодот и ќе ја добиеме војната!

Англискиот актер, Бенедикт Камбербач е прославениот математичар и дешифратор на тајни кодови од периодот на Втората светска војна, Алан Туринг во најновиот биографски проект The Imitation Gamе.

Првиот режисерски обид на Норвежанецот Мортен Тулдум за да создаде филмско дело на англиски јазик ќе ја раскажува приказната за генијалниот математичар Алан Туринг и неговиот тим на генијалци да ја дешифрираат познатата Енигма машина за формирање тајни кодови во сопственост на Нацистите. Филмот ќе се осврне на животот на Туринг од неговото несреќно детство во интернатите во Англија, создавањето на Bombe, машината која овозможила лесно и брзо дешифрирање на сите кодови (и која била еден од прототиповите на раниот модерен компјутер), неговата прикриена хомосексуалност, се до неговото самоубиство на возраст од само 41 година со цијанид капсула.

Во актерската екипа на Imitation Game е и Кира Најтли (ова ќе биде втора соработка на Кира и Бенедикт по Atonement), Метју Гуди, Марк Стронг и Чарлс Денс. Сценариото го напиша Греам Мур а истото е базирано на книгата Alan Turing: The Enigma од писателот Ендру Хоџ.

Премиерата на The Imitation Game се очекува во САД на 21 ноември оваа година, на време за да влезе во оскаровската трка следната година.

Погледнете го првиот трејлер за The Imitation Game.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...