Дали Ирина Шајк го заведе Херкул?

„Дали си само легенда или вистина која стои зад легендата?“ Најголемиот мит на сите времиња „Херкул“ ни пристига на големото платно. Акционо-авантуристичкиот трилер ова лето ни го открива тајниот симбол на лавовската храброст која бие во срцето на херојот.

Двејн Џонсон е Херкул, роден со боженствена снага и човечки емоции. Прогонет од минатото тој постанува платеник кој постојано талка заедно со група на лојални следбеници. Но, овој пат тој заминува во храбра мисија за да ја заврши крвавата граѓанска војна во земјата Тракија и да го врати кралот на својот престол. Назамисливи злосторници ќе ги стават на тест неговите митски моќи, а светот жеден за правда ќе ја преиспита неговата човечност. Брет Ратнер ни ја носи новата визија на епскиот акционен херој на сите времиња. Двејн Џонсон изјавува: „Веќе подолго време сакав да снимам филм за Херкул. Со децении тој е инспирација за многумина, вклучувајќи ме и мене. Но, сакавме да го прикажеме во друго светло. Го запознаваме како борец за злато. Мора да ги победи своите демони и да го пронајде своето срце кое ќе му помогне повторно да стане онаков каков што луѓето го сакаат.“ Режисерот Ратнер додава:



„Нашиот Херкул е различен од секој обичен човек кој би се одрекол од фактот дека е син на грчки бог. Секоја легенда почнува со вистинска приказна. Кога прочитав дека сценариото се темели на стрипот „Херкул – Тракијски војни“се изненадив колку е веродостоен. Тоа едноставно можеше да се почувстува. Токму тоа сакав да го видам на големото платно.“ На спектакуларните визуелни ефекти на филмот работеше и македонскиот тим составен од 15 артисти од студиото на ФХ3Х. Инаку девојката на фудбалерот Кристијано Роналдо, руската манекенка Ирина Шајк глуми во новиот филм за легендарниот антички јунак.

Ирина Шајк ја глуми Мегара, која се обидува да го заведе славниот Херкул. Преубавата Русинка речиси во сите сцени се појавува разголена

Урнебесното дуо се враќа на големото платно во филмот „Улица скок бр.22“. Овој четврток ни пристига акциона комедија, продолжение на супер-успешниот филм од пред две години, снимен според истоимената популарна серија со која се прослави и една од најголемите холивудски ѕвезди Џони Деп.

Ченинг Татум и Џона Хил по втор пат се пред супер-тајна задача. Овој пат тие двајцата наместо во средно училиште ќе се инфилтрираат на локалниот факултет како би влегле во трага на дилерите на нова опасна дрога која забрзано се шири низ нивниот град. За разлика од првиот дел, во акционата комедија „Улица скок бр. 22“ не очекуваат многу повеќе експлицитни пцовки, голотија, хумор, но и спектакуларни акциони секвенци.



„Кога ги обиколувавме факултетите како би истражувале за снимањето, се установи дека животот таму е баш онаков како што и повеќето си замислуваат – потполно откачен“, изјавуваат режисерот Фил Лорд и Крис Милер.

Покрај Татум и Хил, во филмот се појавуваат и Ајс Кјуб, Дејв Франко, Питер Стормор, Амбер Стивенс и многу други.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...