Серија која е пореална од реалити телевизијата

Внимание! Супер возбудлива вест за сите фанови на американската серија Shameless. Петтата сезона која моментално се снима ќе добие нов одличен актер во актерската екипа.


Дермот Мелруни

Дермот Мелруни, актерот ветеран во Холивуд ќе го портретира новиот газда во ресторанот во кој ќе работи Фиона Галагер (Еми Росум), најстарото дете од дисфункционалната фамилија од Чикаго. Тој треба да е дел од потенцијалната романса со Фиона, но истата ќе биде ставена на тест со изненадното враќање на долгогодишното момче Џими/Стив (Џастин Четвин) во финалето од 4-та сезона.

Мелруни веќе минатата година соработуваше со креаторот на серијата, Џон Велс кога актерот глумеше во филмот August Ossage Country покрај Мерил Стрип и Џулија Робертс, кој пак беше режиран токму од Велс.


Eма Гринвел како Менди Милкович и Ема Кини како Деби Галагер

Но, за сите фанови кои дури сега (за добра серија никогаш не е предоцна) ќе се вклучат во гледањето на Shameless, може да се каже дека тоа е една од најдобрите, но најпотценетите во САД кога станува збор  за доделување на награди. Оваа година само Вилијам Х. Мејси и Џоан Кјузак добија номинации за Еми наградите (кои ќе се доделат на 25-ти август), но вистинската неправда ја претрпеа помладите актери како Еми Росум, Џереми Ален Вајт, а особено Ноел Фишер кој ја толкува улогата на Мики Милкович.


Актерската екипа на Shameless (Фамилијата Галагер)

Фишер беше апсолутно маестрален во 4-та сезона но, за жал не успеа ниту да добие номинација. И тоа не е прв пат да се случи ова. Покрај Вилијам и Џоан ниту еден од останатите актери во овие 4 сезони не успеал ниту еднаш да добие номинација. Четири последователни години без номинација е премногу и за самата серија. Оваа година серијата на инсистирање од продуцентите ја смени категоријата со цел да има повеќе шанси да добие номинација во категоријата најдобра комедија (а не драма), но, и тоа не успеа.


Еми Росум како Фиона и Џастин Четвин (Џими/Стив)

Но, што ја прави Shameless добра и квалитетна серија која фановите знаат да ја ценат веќе 4 години? Најпрво тука е одличната актерска екипа која со секоја наредна сезона покажува дека кастинг агентите на стартот си ја завршиле работата мајсторски, а сценаристите можеби уште повеќе. Од постарите актери веќе ги споменавме Вилијам и Џоан кои се неописливо одлични. Докажани карактерни актери со кариера од речиси 30 години. Вилијам е маестрален, веќе номиниран за Оскар, а Џоан дури два пати во кариерата. Но, и младите се подеднакво талентирани, фасцинантни како и постарите. Еми Росум се прослави со мјузиклот Phantom Of The Opera, Ноел Фишер беше дел од одличната серија The Riches, Стив Хоуви (го глуми шанкерот Кевин Бал) со години беше дел од актерската екипа во кулната серија Reeba, а Џастин Четвин пред речиси 10 години беше синот на Том Круз во блокбастерот на Стивен Спилберг, War Of The Worlds.


Снимањето на 5-та сезона Shameless

Најмладите од актерската екипа (Ема Кини и Итан Куткоски како Деби и Карл Галагер) се можеби поталентирани од речиси половина деца-актери во Холивуд и ние имавме можност да ги видиме како растат пред нашите очи. Од слатки мали дечиња во првата сезона до тинејџери во последната 4-та.

Но, да се осврнеме и на самата серија. Во ера во која реалити телевизијата владее со рејтинзите во САД, забележете колку всушност малку (ако не и воопшто) реалност има во нив. Хедонизам и празноглаво расипништво на семјеството Кардашијан, многу ботокс и игнорантност кај „реалните домаќинки“ од секој град во САД, но не смееме да ги заборавиме самите серии. Елитистичката Gossip Girl и и „Очајните домаќинки“ од Вистерија Лејн од минатото (се сеќавате на нив?) кои не беа нешто повеќе од спуштени на земја. Најпрво, за вкусовите не може да се зборува нели и секој има право да гледа што сака? Се разбира. Но, изненадувачки колку една фамилија од бедната „south side“ област од Чикаго успеа да покаже повеќе реалност од гореспоменативе ТВ проекти. Ние како гледачи преку семејството Галагер и нивните пријатели ја гледаме не само економската туку и социјалната реалност на општеството во најголемиот дел од САД.


Shameless сцена од сезона 3

Фамилии од гетата, социјалните „проект“ населби кои крпат ден за ден работејќи секакви работи кои ќе успеат да ги најдат. Легални (кенлерство), а во најголемиот дел и нелегални (одгледување на марихуана, проституирање, крадење, водење нелегална градинка, крадење старци од дом). И фамилијата Галагер како нуклеус е прикажана екстремно реално што дури е вознемирувачки. Од шесте Галагер деца Фиона е најстарата, а Лијам е само бебе кога започна серијата. Нивната биполарна мајка Моника ги напуштила, а таткото Френк е алкохоличар кој иако е присутен во куќата е тотално незаинтересиран за нив.  Секое од децата поради ова е без родителски надзор, видело работи кои што деца на нивна возраст не треба да ги видат, фактор кој само придонесол самите деца од мала возраст да се грижат еден за друг и искрено предвреме да пораснат.  Да не го споменуваме  моментот кои децата се најдоа во рацете на социјалните служби и беа сместени во посебни домови или „foster“ посвојувачки семејства.


Камерон Монахан како Ијан Џереми Ален Вајт како Филип (Лип) и Вилијам Х. Мејси како Френк Галагер

Но, работите не се кристално јасни само во фамилијата Галагер. Фамилијата Милкович од соседството е подеднакво мрачна, но на сосема друго ниво. Двајцата протагонисти од оваа фамилија братот и сестрата Мики и Менди се уште поистрауматизирани од нивниот инцестоиден, хомофобичен тиранин од татко. Фасцинира колку се избегнува клише во претставувањето на хомосексуалноста (без camp ликови) на која навикнавме до сега. Се сеќавате на Џек Мекфарланд и неговиот перфроманс во Will And Grace или пак Курт Хумел од Glee? Shameless отиде во тие граници да не западне во стереотипите на овие серии и покрај тоа што двајца од главните карактери во серијата се геј (Ијан Галагер и Мики Милкович).


Ноел Фишер како Мики Милкович и Камерон Монахан како Ијан Галагер

Преку ликот на Мики ни е убаво претставена и хомофобијата изразена преку агресија со која се соочуваат до ден денешен геј лицата во САД и докажува дека и покрај тоа што прифатеноста на хомосексуалноста полека се зголемува, таа е се’уште табу тема дури и во Америка.

Ова е серија која што изобилува со толку мрачна, сурова, урнебесно хумористична и „бесрамна“ реалност како што кажува и самиот наслов. Ќе се фатите како се смеете во една, а плачете во наредната сцена.

Сериозно, ако не сте запознаени со Shameless американската верзија на истоимената англиска серија, направете го тоа и веднаш погледнете ја. Нема да зажалите.

С.Л.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...