Ништо посебно: Самиот луд Макс распнат пред хауба!

Comic Con конвенцијата во Сан Диего го донесе и првиот трејлер за долго-очекуваното четврто продолжение на пост-апокалиптичниот класик Mad Maks сега насловено Fury Road.

Повторно режирано од легендарниот Џорџ Милер, четвртото продолжение за жал нема да го има Мел Гибсон во насловната улога на „лудиот“ Макс Рокатански, туку легендарната улога ќе ја толкува англискиот актер Том Харди.

Покрај Харди во останатите улоги ќе ги видиме и оскаровката Шарлиз Терон, Николас Хоулт и колегата на Хоулт од X-Men Days Of Future Past, Џош Хелман.

Зои Кравиц, ќерката на пејачот и актер Лени Кравиц ќе толкува една од споредните улоги, а во Fury Road своја улога ќе има и уште едно славно дете на Холивуд, Рајли Кио внуката на починатата легенда Елвис Присли.

Манекенката Аби Ли е дел од актерската екипа, а исто така и Роузи Хантингтон Витли, познатата манекенка од кампањите на Victoria’s Secret.

Четвртиот дел од познатата австралиска франшиза беше дел од 25-годишен продукциски пекол. Пред 10 години филмот доби буџет од 100 милиони долари и „зелено светло“ за продукција, но самото снимање беше ставено на пауза пред самиот старт најмногу поради одбраните локации на снимање како на пример Намибија, тогаш прогласена за една од најопасните земји на светот.

Во 2004-та година, т.е. една година по избивањето на војната во Ирак, (една од останатите локации на снимање) проектот беше напуштен од страна на режисерот и остатокот од екипата. И покрај тоа што Мел Гибсон беше заинтересиран да ја репризира улогата на Макс, со време и со одложувањето на продукцијата, тој изгуби интерес па во 2011-та година за неговата улога беше одбран Том Харди.

Снимањето на филмот започна во јули 2012-та година во Намибија, оригиналната локација која доби зелено светло откако се покажа дека не е опасно за екипата да биде во оваа држава како пред речиси една декада претходно.

Продукцијата на филмот не беше без проблеми и за време на снимањето бидејќи го надмина буџетот одобрен од студиото, а беше потребно повторно снимање на дел од сцените, но и покрај проблемите беше потврдено дека премиерата фановите можат да ја очекуваат на 15-ти мај следната година.

Ова е првиот трејлер за Mad Max: Fury Road



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...