Кој рече дека факултетот е лесен?

Наслов:
22 jump Street

Режија:
Фил Лорд/ Кристофер Милер

Сценарио:
Мајкл Бекал, Орен Узиел, Родни Мортман

Улоги:
Ченинг Тејтум, Џона Хил, Ајс Кјуб, Амбер Стивенс...

Времетраење: 112 година

Година на издавање:
2014


Нештата се променија во 2011-та година за Џона Хил. Од буцкото „sidekick“ комичар, Џона стана комичарот, а подоцна и актерот со кого Холивуд може да се гордее. Всушност ако ме прашате мене тоа се случи со Cyrus од 2010-та година. Филмот за кој малкумина слушнале (и еден од најпотценетите во кариерата), но во термините на Холивуд, промената во перцепцијата пристигна со Moneyball. Од минатата година тој има и две номинации за Оскар, но сега во 2014-та ни го претстави најновиот проект 22 Jump Street (продолжението на филмот од 2012-та година, 21 Jump Street).

Мортон Шмит (Џона Хил) и Грег Џенко (Ченинг Тејтум) се враќаат на нова задача. Капетанот Диксон (маестралниот Ајс Кјуб) ќе ги назначи на нова „undercover“ мисија, но овој пат во локалниот колеџ. Постои нова дрога наречена WHYPHY која се продава на кампусот и веќе паднала првата жртва, па двајцата треба го пронајдат дилерот за да дојдат до снабдувачот. Работите ќе се променат кога ќе се соочат со предизвиците на „високото образование“ во вториот дел.

Формулата од првиот дел 21 Jump Street е комплетно истата во прогресијата на дејствието, па дури и дел од акцијата (Џенко повторно е мета за куршуми). Сепак, најголемата промена во вториот дел е направена во самите ликови и како тие ја пренесуваат приказната. 22 Jump Street е носен на „плеќите“ на двајцата актери (Џона и Ченинг) нивната хемија, а правилото „спротивностите се привлекуваат“ тука повторно не може да биде почигледно. Но, за разлика од првиот дел сега Џенко е на „домашен терен“ ако смеам така да се изразам. Тој е сега прифатениот, популарниот, а дури ќе пронајде и свое место под сонцето во „фудбалскиот“ тим. Промената на улогите и новостекнатото пријателство на Џенко со колегата од тимот Зук (Вајат Расел) ќе предизвикаат мала љубомора во партнерство/бромансата со Шмит,  што дури во еден момент ќе завршат на сесија за советување за парови.

И токму тоа фасцинира во продолжението. Вториот дел не е подобар, поиновативен, поинтелегентен во јадрото на филмот туку во „просторот“ околу него. Продолжението е подобар, поиновативен, поинтелегентен филм во хуморот.

Ќе земам за пример две комплетно различни сцени со два комплетно различни видови на хумор примарно во начинот на кои се визуелно екзикутирани. Најпрво сцената кога Џенко и Шмит во багажникот ќе искусат лош и добар „трип“ од дрогата која ја конзумираа претходно. Во неа има обид за Едгар Рајт/ Мајкл Гондри инспирирана сцена која е урнебесна. Искрено Лорд и Милер се светлосни години зад нив во резултатот, но им ја сфаќам поентата и мора да се даде аплауз за одбраниот стилски приказ на режисерите во неа. Втората е визуелно поедноставна и оди на сметка на талентот на Џона. Кога Џенко ќе дознае дека неговиот партнер Шмит е во врска со Маја (Амбер Стивенс) ќерката на капетанот Диксон. Тој ќе почне хистерично да скока во станицата но сепак, обрнете внимание на Шмит. Хуморот во сцената лежи повеќе во изразот на лицето на Џона. Само погледнете ја подобро таа сцена и ќе го сфатите распонот на комичниот талент на овој актер.

И за крај како негативно клише може да се напомене „spring break“ моментот во филмот. Сме го виделе веќе „празникот на студентите“ претходно во десетици филмови од Холивуд. Хармони Корин во одличниот Spring Breakers убаво ни го долови. И иако тој концепт полека се асимилира во генералната култура надвор од САД, нема ништо ново и иновативно прикажано за истиот во 22 Jump Street. Режисерите како да ја исекле воведната сцена од Spring Breakers и во неа ги вметнале Џона и Тејтум. Но, и покрај недостатоците, 22 Jump Street е задоволително продолжение. Вреди да се погледне, а по филмов со нетрпение го очекуваме следбеникот. Spolier Alert-медицинскиот факултет наскоро ќе биде нов предизвик за двајцата во него.

С. Лазаревска

22 Jump Street можете да го погледнете во Cineplexx кино салите во Скопје
*секој ден: 18:00, 20:10, 21:30, 22:20 часот



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...