Бредли Купер има „дежа-ву“ момент во кариерата

Два пати номинираниот за наградата Оскар и еден од најсексапилните актери во Холивуд, Бредли Купер веќе го снима својот најнов проект во Лондон. Купер ќе ја толкува главната и насловната улога во најновата драма/комедија Adam Jones.

Во режија на Џон Велс, Купер ќе го портретира Адам Џонс одличен готвач кој треба да собере тим на колеги готвачи како него, но од најразлични бранши со цел да го создадат најдобриот ресторан со најдобрата услуга во светот.

Покрај Бредли во останатите улоги ќе се појават одличните Џејми Дорнан, Ума Турман, Сиена Милер, Даниел Брул, Омар Сај и двојната оскаровка Ема Томпсон.

Бредли и Сиена веќе беа забележани на Лејчестер плоштадот во Лондон како на одбраните локации ги снимаат сцените од Adam Jones, но дали знаете дека Бредли веќе имаше речиси идентичен проект пред 9 години, само во различен медиум? Телевизија.

Пред актерот да стане супер-ѕвезда и еден од најплатените актери на планетава, Бредли беше дел од Kitchen Confidential, серијата со само една продуцирана сезона која беше инспирирана од истоимената книга на популарниот готвач Ентони Бордејн.

Во серијата Брели го глумеше Џек Бордејн (малку изменета верзија на готвачот Ентони Бордејн) на кого по отрезнувањето и лекувањето од зависноста од дрога ќе му биде понудена шанса да води своја кујна во најдобриот ресторан во Њујорк.

Тој се што треба да направи е да собере екипа на колеги кои ќе му помогнат да го создаде најдобриот ресторан. Исто како и во премисата на филмот Adam Jones.

Ова беше неговиот тим во Kitchen Confidential серијата од 2005-та година.

Николас Брендон беше Сет Ричман (слаткар)



Џон Чо беше Теди Вонг (специјалист за морска храна)



Овен Јеоман беше Стевен Даедалус (помошник на Џек Бордејн)



Ерин Кејс како Беки Шарп (колешка на Џек Бордејн во кујната)



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...