Визуелно уживање полно со хумор и акција

Од студиото на Марвел, кое ни ги донесе глобалните блокбастерски франшизи: Железен човек, Тор, Капетан Америка и Осветници ни пристига новиот тим – „Чувари на галаксијата“.

Жестока акција, епска космичка авантура во која чуварите го прошируваат марвеловиот филмски свет и во космосот доаѓа од денеска во киното Cineplexx. Дрскиот авантурист, Питер Квил, ќе постане предмет на немилосрден лов откако ќе ја украде мистериозната кугла по која копнее Ронан, моќен злосторник со амбиции кои можат да го доведат во опасност целиот универзум. За да побегне од упорниот Ронан, Квил склучува сојуз со четири потполно различни ликови – Рокет, ракун со пиштол; Грут, дрволик хуманоид; смртоносната и енигматична Гамора и разурнувачот Дракс кој е воден од желбата за одмазда. Но, кога Квил ќе ја открие вистинската моќ на куглата и опасноста која и претстои на галаксијата, ќе даде се од себе да ги победи своите ривали во очајничката пресметка – додека судбината на галаксијата виси на конец. Продуцентот Кевин Фејџ вели: „Чуварите на галаксијата се најризичниот филм кој го снимивме од „Железен човек“, и од многу причини е највозбудлив по „Железениот човек“. Тоа значи дека можеме да ги изненадиме луѓето и да ги надминеме нивните очекувања.

Кога бев мал и го посетував киното, за поголемиот број на ликови како Индијана Џонс, Марти Мекфлај и Гремлини никогаш немав чуено. Ми се допаѓа што можам да внесам оригиналност, иако сето ова е засновано на стрипови кои малкумина ги познаваат. Се надевам дека луѓето ќе имаат чувство дека гледаат нешто сосема ново, потполно освежувачко, баш како што мене ми изгледаа филмовите кои ги гледав како дете во осумдесетите.“ „Една од највозбудливите работи за време на снимањето на чуварите“, додава извршниот продуцент Џереми Лачам „е дека јунаците не се типични јунаци туку група на одметници кои се запознаваат во затвор. Воглавно тие се себични и слабо се грижат еден за друг. Сепак, оваа екипа е принудена да работи заедно бидејќи целата галаксија е во опасност и мораат да ја спасат.“



Новото остварување на режисерот Диего Луна ни ја носи биографската филмска приказна за борецот за човекови права Цезар Чавез. Главните улоги ги толкуваат Мајкл Пен, Росарио Досон и Џон Малкович.

Филмот ги следи напорите на Цезар Чавез да организира 50000 земјоделски работници во Калифорнија од кои многумина биле „braceros“ - привремени работници од Мексико, на кои им е дозволено да живеат и работат во САД само додека трае земјоделската сезона. Условите во кои работеле биле многу лоши, поднесувале расистички навреди и брутални испади на претпоставените и локалното население на Калифорнија. За да им помогне на работниците Цезар Чавез (Мајкл Пен), основа работнички синдикат „Обединети земјоделски работници“ (UFW). Како страстен човек без воинствени идеи, Чавез покренува ненасилна борба против предрасудите со идеја да им го врати достоинството на луѓето.

На неговите настојувања често, некогаш и насилно, им се спротивставувале, сопствениците на големите фарми на кои работеле привремените работници. Филмот прикажува и неколку поголеми ненасилни кампањи на синдикатот „Обединети земјоделски работници“, по кои Чавез достигнал планетарна популарност. Инспирирал милиони Американци од различни општествени сфери да се борат за социјална правда, па и оние кои никогаш не работеле на фарма. Неговиот триумфален пат исклучително сведочи за моќта која еден поединец може да ја има и со која може да го промени светот.


Остварувањето „Цезар Чавез“ на режисерот Диего Луна, премиерно беше прикажано на 64. Берлинале.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...