Што ако вашата приватна секс снимка набрзо ќе биде објавена?

Џеј и Ана ќе направат се за да го спречат ширењето на нивната снимка. Тие одат до крајност кога ќе сфатат дека нивната секс снимка ќе се најде на секој таблет кој го подариле на своите роднини и пријатели, па дури и на шефот.

Комедијата на годината за која сите зборуваат, наскоро ни пристига во киното Cineplexx! Станува збор за филмот „Снимка на секс“ во кој главните улоги ги толкуваат Камерон Дијаз и Џејсон Сегел, чија приватна видео снимка ќе се прошири на интернет како вирус, а тие двајца ќе се обидат да направат сè за да ја сопрат.

Кога Џеј (Jason Segel) и Ени (Cameron Diaz) првпат биле заедно, нивната романтична врска била интензивна – но, десет години подоцна кога имаат две деца, на пламенот на нивната љубов му е потребна искра. За да ги размрдаат работите, тие одлучуваат – (а, и зошто да не? ) - да си направат свое, приватно, видео испробувајќи ја секоја позиција од „Радоста на сексот“, во една тричасовна маратонска сесија. Ова им изгледа како добра идеја - се додека не откријат дека нивното приватно видео не е повеќе толку приватно. Сега, кога нивната репутација е загрозена, тие знаат дека само еден клик ги дели од тоа да бидат прикажани на светот ... но нивната трка за враќање на видеото ги доведува до ноќ која тие никогаш нема да ја заборават, дознаваат дека нивното видео ќе се прикаже дури и повеќе отколку што очекувале.



Филмот го режираше Џејк Каршан познат по публиката по двете супер успешни комедии “Walk Hard: The Dewey Cox Story” и “Bad teacher”, во кои Камерон Дијаз повторно ја толкуваше главната улога. Покрај Дијаз и Сегел во споредните улоги се појавуваат и Роб Лоу, Роб Кордрај, Ели Кемпер, Џек Блек и други.

По повод премиерата на филмот, на 07 август, со почеток во 19:00 часот ќе биде организиран тематски настан LADIES NIGHT во киното Cineplexx. Сите посетители таа вечер ќе уживаат во одлична филмска забава и атрактивни подароци!



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...