Спас за Галаксијата...од чуварите во неа

Наслов: Guardians Of The Galaxy

Режија:
Џејмс Ган

Сценарио:
Џејмс Ган/ Никол Перлман

Улоги:
Крис Прат, Зои Салдана, Ли Пејс, Дејв Бутиста, Вин Дизел, Бредли Купер...

Времетраење: 122 минути

Година  на издавање:
2014-та




Роџер Иберт (еден од најдобрите филмски критичари на сите времиња) често знаеше да напише „постојат филмови кои треба да се гледаат два пати. Првиот пат за прашањата, а вториот за одговорите“. Таа пракса сега беше неопходна за мене како рецензент но, искрено најмногу како филмски фанатик. Првиот пат го гледав Guardians Of The Galaxy (на премиерата) за прашањата, а наредниот ден за одговорите.

Во најновиот проект на Marvel, Питер Квил (Крис Прат) е херојот на филмот. Не супер-херојот, туку технички да бидам попрецизна анти-херојот кој уште како дете ќе биде киднапиран од Земјата и израснат од ловците на богатство предводени од алчниот Јонду (Мајкл Рукер). Години подоцна, на соло експедиција Питер ќе пронајде сфера со намера да ја продаде за профит, но по апсењето во затворот ќе дознае дека во сферата се наоѓа моќниот „Infinity“ камен. Сферата ја сака и фанатичниот Ронан „Обвинувачот“ (Ли Пејс), но Питер ќе треба да спречи таа да не дојде до рацете на Ронан. Во тоа ќе му помогнат новите „пријатели“ кои ќе ги стекне во затворот. Генетски модифицираниот ракун Рокет (Бредли Купер), хуманоидот налик на дрво Грут (Вин Дизел), Дрекс „уништувачот“ (Дејв Баутиста) и единствената дама Гамора (Зои Салдана) екс помошничката на Ронан која исто така сака профит, но во исто време и сака да го види Ронан поразен.

Неколку нешта се издвојуваат веднаш со гледањето на Guardians Of The Galaxy. Хуморот за почеток е фантастичен, и со многу референци од поп културата на кои може да се идентификува секој, но искрено со тој пристап им е дадена шанса на речиси сите ликови да го искусат на свој начин пред да ни го пренесат на нас публиката. (Footlosе/ Кевин Бејкон сцената на пример која е маестрална). Од таму како се обликувани ликовите, не зависи толку многу од сценаристите туку повеќе од самите актери, што е освежувачко да се види бидејќи секој од актерите има слобода и самиот да го креира ликот исклучиво со својот талент. Без разлика дали е тоа со танцувањето на Прат или со гласот на Бредли Купер. Самото сценарио како и самите ликови од друга страна не се без маани, но може да се толерираат во генералната перцепција на филмот, во која помагаат и одличните специјални ефекти. Ган и ко-сценаристката Перлман направиле филмот најдобро да функционира кога сите „чувари на галаксијата“ се заедно како тим, а така функционира и хуморот во нив. Сепак, двајцата можеле и подобро да ја претстават потенцијалната романса помеѓу Питер и Гамора, но најверојатно тоа е оставено повеќе за вториот дел во 2017-та година. Крис Прат пак е откровението кое го сакавме и очекувавме. До сега потценуван и заглавен во споредни улоги, со овој филм  публиката доби нова перцепција за Крис бидејќи неговиот перформанс гравитира од трапав џокер до лидерот на кого може да се смета. А погледнете  ги само неговите потези во танц-сцените. Верувајте ми, ќе уживате во нив исто колку и во остатокот од перформаност на Прат.

Бредли Купер е поинаква приказна. Тоа што тој само со својот глас и талент успеа да го направи од SGI ликот на Рокет, може да се класифицира единствено, како генијално. Бидејќи тоа и е, и не постои друг епитет за тоа. Можеби ќе отидете во кино-салата за било кој друг лик (jас лично за Ронан), но по гледањето ќе се вљубите во овој ракун.

Од друга страна, навистина е штета актер со талентот на Ли Пејс добил толку неиновативен и едноимензионален лик како главниот негативец, Ронан. Дали е тоа намерно, за „чуварите“ да дојдат до израз или пак случајно, не сум сигурна, но Ган и Перлман не му посветиле доволно внимание за да се издвои и да се запамети. Се памети перформансот на Пејс и визуелниот изглед на Ронан, но не и самиот лик, а истото речиси може да се каже и за Карен Гилијан и Џајмон Хоунсу кои пак имаат уште помала минутажа од Пејс.

Кога сме веќе на темата „недоволно искористени актери“, речиси е криминално колку малку гледаме од Бенисио дел Торо како The Colector, Глен Клоус како Нова Прајм и Џон С. Рајли како Роман Деј. Навистина штета.

И за крај уживањето во Guardians of The Galaxy е комплетирано со одличниот саундтрак кој го краси филмот. Секоја од песните (а во главно тоа се олдтајмери од 60-те и 70-те) е маестрално одбрана. Но најважно од се, припаѓа во сцената во која што е ставена. Таа ја комплетира сцената, а како што не научи и Тарантино со секој негов филм, колку и да е чудна ако успешно функционира, треба да биде таму. Како поинаку да се објаснат Џејмс Браун и Тупак во Django Unchained?

По гледањето на Guardians Of The Galaxy, всушност ќе посакате да го гледате повеќе пати. Не за да барате прашања или одговори, едноставно затоа што е забавен. Понекогаш тоа е се што ни е доволно.

С. Лазаревска

Guardians Of The Galaxy ќе можете да го погледнете во Cineplexx кино-салите во Скопје:

четврток: 15:15, 17:40, 20:00, 21:00, 22:20
петок - среда: 15:15, 17:40, 20:00, 21:15, 22:20
викенд: 12:30, 15:15, 17:40, 20:00, 21:15, 22:20 часот



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...