Има ли поубаво од тоа да го сакаш тоа што го работиш?

Наслов:
Chef

Режија/ сценарио:
Џон Фавро

Улоги:
Џон Фавро, Софија Вергара, Џон Легуизамо, Емџеј Ентони...

Времетраење: 114 мин

Жанр:
комедија

Година на издавање:
2014


Предупредување за сите кои планираат да го гледаат најновиот режисерски обид на Џон Фавро, Chef. Ќе добиете нагон на неконтролирана глад уште од 1-та минута, а таа ќе трае се до крајот. Да не кажете дека не сте биле фер предупредени претходно.

Џон Фавро, во Chef е Карл Каспер, е разведен „воркохолик“ готвач во угледен ресторан во Лос Анџелес. Популарниот критичар и он лајн блогер Рамзи Мишел (Оливер Плат) уште на почетокот ќе биде најавен како гостин во ресторанот и Карл ќе сака да го импресионира со ново еклектично мени. Но, сопственикот на ресторанот (Дастин Хофман) ќе му го промени планот со класичното и досадно мени и тоа ќе резултира со лоша критика која речиси ќе го уништи. По неколку киксови поврзани со Twitter профилот (кој не знае да го користи), Карл ќе остане без работа, јавно посрамотен по професионално „самоубиство“. Со синот Перси (Eмџеј Ентони) и колегата Мартин (Џон Легуизамо) ќе замине на патување во food truck од Мајами до Лос Анџелес во обид да се пронајде себе си, правејќи го тоа што сакаше, да готви на свој начин.

Џон Фавро се врати на режирањето, но не на блокбастери со буџет од 150 милиони долари (Iron Man /Cowboys and Aliens), туку на на основата. Всушност во с’ржта The Chef е многу повеќе од само филм за готвење, а Фавро не се труди да го скрие. Тоа ни го кажува  суптилно од самиот почеток и не носи низ процесот полека оставајќи сами да го сфатиме. Toj сега го измешал и маетстралното присуство на Роберт Дауни Џуниор, Џон Легуизамо и Скарлет Јохансон, со генијалните Дастин Хофман и Оливер Плат, а го додал новајлијата Емџеј Ентони, па резултатот кој го добил е солиден филм во кој ќе уживате како во гурмански специјалитет.

Деталите доминираат врз Chef и прават мааните да не се почувствуваат додека го гледате. Моќта на социјалните мрежи и нивното влијание врз јавноста се начнати исто така, но искрено деталите (тие визуелните) можете да ги најдете и во сцените со готвење кои се одлични. Сега се релативно подолги од тие на кои навикнавме, правејќи го визуелното искуство еднакво на „food porn“. Иако хуморот во ликовите го цениме, всушност потајно ја сакаме сериозноста на самиот филм. Зближувањето на таткото и синот на ова патување и врската која ќе ја оформат на патувањето е одлично прикажана.

-Јас сум изгубен, и вели, Карл на хостесата Моли (Скарлет Јохансон) по неговиот јавен дебакл. – Тоа е добро место да почнеш одново, му вели таа. И од таа точка, од само-релизацијата што останало од неговиот живот и кариера ќе дозволи да се променат нештата. Последната третина од филмот, можеби делува како нетипичен „road филм“, но баш таму Фавро начнува неколку апсурди кои веќе толку долго ги гледаме што веќе се асимилирани во нормалното на денешницата. И искрено тоа боли.

Барајќи работа по дебаклот во ресторанот, публицистката, ќе му понуди да биде дел од реалити шоуто Hell’s Kitchen за брзо и едноставно доаѓање до пари. И тоа е проблемот. Самиот знае (како и сите ние) дека тоа е на кратки патеки, а да не споменувам стерилно. Карл сака да ја почуствува радоста на готвењето и моќта да усреќи луѓе со тоа. Било каде. Дома, во ресторан или во камионче за храна бидејќи речиси и да го заборавил тоа чувство.

Тоа ме води до сцена од еден друг филм, од еден друг лик. The Hospital и генијот наречен Џорџ С. Скот. Да, филмовите немаат иста тема и контекст.... но една реплика од The Hospital на чуден начин ме потсети на Карл во Chef:

-Човек може да има страст за други работи, кои му даваат чувство на трајна вредност, причина за живот. Јас ја загубив волјата да работам. Тоа е многу попримитивна страст. Јас ја загубив мојата цел. Причината за постоење. Единственото нешто што отсекогаш сум го сакал“, рече Џорџ С. Скот во филмот од 1971-ва година.

Всушност работите се кристално јасни и во двата случаи. Има ли нешто поубаво од тоа да го сакаш тоа што го работиш?

С. Лазаревска

The Chef ќе можете да го погледнете во Cineplexx кино салите во Скопје од 21.8.2014



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...