Ќе ја засакате Crazy Eyes - ќе ја почитувате Узо

Ако сте ја погледнале хит серијата Orange is The New Black, продуцирана и емитувана од Netflix каналот, тогаш сигурно сте ја забележале Crazy Eyes, затвореничката во фиктивниот затвор во Личфилд.

Поточно тоа е Сузан Ворен, попозната по прекарот Crazy Eyes која ги украде срцата на гледачите, а синоќа и на на членовите на Академијата за телевизиска уметност. Узо Адуба, актерката која ја портретира Ворен во хит серијата синоќа освои Еmmy награда за најдобра актерка на церемонијата која се одржа во Лос Анџелес.



Узо беше номинирана во иста категорија заедно со колешките од серијата, Лаверн Кокс и Наташа Лијон, но во нејзиниот говор при примањето на наградата призна дека ја добила улогата на Сузан Ворен, во најнеочекуваниот момент од нејзиниот живот.

Таа била разочарана од состојбата во која се наоѓала нејзината кариера и била подготвена да се откаже од глумата, кога и пристигнала понудата да дојде на аудицијата за Orange Is The New Black.



На аудицијата, Узо морала да ги одглуми сите женски ликови во серијата пред кастинг директорите да се одлучат да и ја доделат улогата на Crazy Eyes, ментално нестабилната затвореничка, која уште од стартот ќе ја прикаже својата ментална состојба, но и привлечноста кон главниот лик Пајпер Чепман (Тејлор Шилинг).



Родена во Месачусец, САД, но по потекло од Нигерија Узо има диплома од Универзитетот во Бостон, но до сега нема искуство во играните долгометражни филмови, туку само во краткометражни филмови и гостински појавувања во серии. Сепак, по успехот на Orange Is The New Black тоа наскоро ќе се промени.

Додека ја очекуваме следната улога на Узо, да се потсетиме на дел од најдобрите моменти на ликот Сузан Crazy Eyes Ворен во Orange Is The New Black:

I threw my pie for you! сцената



Поемата од Сузан до Пајпер



Сцената со уринирањето



Chocolate and vanilla swirl сцената



How Come Everyone Calls Me Crazy Eyes- сцената



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...