Тимот кој победува не се менува?

Наслов: Expendables 3

Режија:
Патрик Хјуз

Сценарио: Крејтон Ротенберг, Кетрин Бенедикт, Силвестер Сталоне

Улоги: Силвестер Сталоне, Џејсон Стејтам, Мел Гибсон, Весли Снајпс, Келан Луц....


Времетраење:
126 мин.





Еден мој пријател очигледно по гледањето на Expendables 3, напиша на неговиот Фејсбук профил: „Тешко ми е да разберам како толку добри глумци прифаќаат да глумат во толку глупи филмови“. Тоа е директниот статус пренесен од неговиот профил, а под него од мене, но и од повеќе други пријатели доби одговор: $$$$$$$$$$$$$$$$$$$$$$$$$$.

Берни Рос (Силвестер Сталоне) и верниот тим на платеници уште на почетокот од Expendables 3 ќе го извадат Doctor Death (Весли Снајпс) од воен затвор и ќе се упатат на нова мисија во Сомалија. Таму пак ќе наидат на стариот „познаник“ Конрад Стоунбенкс (Мел Гибсон), безмилосниот дилер на оружје и еден од екс- „потрошливите“, за кого се веруваше дека е мртов. Мисијата ќе се искомплицира откако Цезар (Теру Крус) сериозно ќе ги ранат, па Барни воден од грижа на совест заедно со Бонапарт (Келси Грамер) ќе регрутира нов помлад тим за да ги замени старите „волци“. Екс морнаричката фока, Џон Смајли (Келан Луц), женскиот избацувач Луна (Ронда Руси), хакерот Торн (Глен Поувел) и експертот за оружје Марс (Виктор Ортиз). По долго убедување, на тимот ќе му се приклучи и зборлестиот Галго (Антонио Бандерас), но мисијата за да се фати Конрад ќе се покаже многу потешка отколку што предвидуваат.

Неколку дилеми се „родија“ во мене по гледањето на Expendables 3. Најпрво колку и да е ужасен филмот (а е најужасен од сите до сега) аплауз до Слај и остатокот од екипата за одлуката да регрутира уште повеќе „кадети“, споредено на пример со претходникот кога „детето“ во тимот беше само Лијам Хемсвот. Сепак, малку сум скептична за прикажувањето на нивната способност пред публиката. Слај заедно со Ротенберг и Бенедикт во сценариото ни ја ставаат претпоставката во главата дека иако новиот тим на Барни е одбран со препорака на место и е „посвеж“ во сила, знаење, елан, но подоцна гледаме дека тие се всушност одбрани за да бидат „панцир“ за неговата вина. Тоа ме води до помислата дека Берни воден од грижа на совест за животите и безбедноста на старите колеги, ќе го замени тимот со многу помладите како нивните животи да не се толку важни. Се разбира нема емоционална приврзаност и доверба со новајлиите како таа која ја стекнал низ годините поминати со „старците“, но зарем помладите животи не му се толку важни, или тоа беше само избрзана глупава одлука?

Да бидеме реални, сценариото ниту во претходните два дела не се одликуваше премногу по оригиналноста, логиката во репликите, но и во генералната премиса. Хуморот (кој иако имаше свои моменти), беше спорадичен и помалку застарен, но сега во третиот дел тој е примарно фокусиран на ликот на Галго. Што е сосема во ред, бидејќи ликот од Бандерас, а и самиот актер се една од ретките светли точки во филмов. Шпанецот е вистинско задоволство да се гледа, колку и да е мала неговата минутажа, а истото важи и за Мел Гибсон. Да бидеме уште пореални, Мел е за неколку класи подобар актер од сите останати во актерската екипа и способен да одигра секаков лик дури и  најужасниот, најограничениот во неговата кариера. Да тој го нема имиџот  од 90-те, но нема негирање дека е доволно способен дури и сега да засени еден куп „акциони херои“ со талентот. Тоа важи и за „кадетите“ кои претходно ги споменав.

И за крај режисерот Хјуз, кој е исто така еден од кадетите (но зад камерата) се обидел последните 30 минути, (колку што е времетраењето на спасувачката мисија на Барни) да го прикаже акциониот климакс на филмот. Но, речиси и да нема сцена во 30-те минути која ќе се запамети по гледањето, а да не зборуваме за еден на еден кратката борбата помеѓу Берни и Конрад.

Сепак, ако уживавте во Expendables франшизата, според најновите вести од Tinseltown, очекувајте го и spin off филмот со целосно женска екипа. До тогаш уживајте во репликите како „Lucky Ring On. I Feel So Safer Now.

С. Лазаревска

Еxpendables 3 ќе можете да го погледнете во Cineplexx кино салите во Скопје:

* секој ден: 17:30, 18:45, 20:00, 21:15, 22:30 часот



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...