Да се заборави војната по војната

Наслов:
The Railway Man

Режија:
Џонатан Теплицки

Сценарио: Френк Котрел Бојс/Енди Петерсон

Улоги:
Колин Фирт, Никол Кидман, Џереми Ирвин, Стелан Скарсгард....

Времетраење: 116 мин.

Жанр: биографски филм




-Ние не живееме. Не можеме да сакаме. Не можеме да спиеме. Ние сме армија од духови, му вели воениот ветеран Финли (Стелан Скарсгард) на пријателот Ерик Ломакс (Колин Фирт) убедувајќи го да се соочи со минатото по декади тивко страдање.

Оскаровецот Колин Фирт е Ерик Ломакс (портретиран од Џереми Ирвин во флеш бек сцените од младоста). Воен затвореник од Втората Светска војна кој по капитулацијата на Сингапур ќе биде заробен од Јапонците и заедно со останатите во неговиот вод, приморан да работи на изградбата на Death Railway, железницата помеѓу Тајланд и Бурма.

По заробеништвото кое едвај ќе го преживее тој ќе се ожени за екс медицинската сестра Петси (Никол Кидман), но веднаш потоа двајцата ќе сфатат дека траумите од кампот оставиле длабоки траги кај него. А, кога Ерик ќе дознае дека садистичкиот преведувач Такаши Нагасе (Хуројуки Санада) од кампот не само што никогаш не бил суден за злосторствата, туку работи како туристички водич, ќе замине во Тајланд да ја спроведе личната правда и одмазда. Но, тоа што ќе го добие од средбата  ќе го изненади.

The Railway Man е солиден филм, а можело да биде незаборавен. Бидејќи раскажува незаборавна, вистинска приказна. Сепак, не може да се отстрани чувството на конфузија додека го гледате, особено во обидот да ја препознаете намерата на сценаристите. Во кој правец да го претстават не само филмот, туку и секој од ликовите. Но, ако нешто успеале одлично да прикажат, тоа е психолошкиот терор од траумите кои ги преживеале Ерик и останатите ветерани. Го имаат сите кои биле дел од војната, а го манифестираат на различен начин. Некои можат да зборуваат на тоа што поминале (како Финли), а некои се затвораат во себе (како Ерик). Лузните на кожата исчезнуваат, тие под неа остануваат. И на тоа е ставен акцентот речиси низ целиот филм, занемарувајќи ги самите ликови и нивниот развој, Пети Ломакс (Кидман) на пример.

Нејзиниот лик е слаб и конфузен, колку што е перформансот од Кидман одличен и слоевит. Од загрижената сопруга која бара одговори и начин како да допре до сопругот, подоцна ќе се претвори во молчелива и досадна, со помала минутажа (особено во втората половина од филмот) но искрено, не ни недостасува премногу.

Фирт е подеднакво маестрален во улогата на  постариот Ерик Ломакс, но изненадувањето е младиот Џереми Ирвин. 24-годишниот актер го портретира Ерик во младоста, т.е. во флеш бек сцените од Втората Светска војна. Ирвин брилијантно го доловил тонот на гласот, акцентот, манирите на постариот колега, а ако го барате талентот во посебни сцени, мојот совет е да го погледнете во сцените со тортура. 

Сцените се сурови, грозоморни, но во нив покрај талентот на Џереми ќе го најдете и од режисерот Теплицки. Ако забележите добро, бавното движење на камерата до профилот на лицата на актерите во тензичните сцени има посебно значење. Да го нагласи очајот, емоционалниот крах (покрај физичкиот), но и да го најави тоа што ќе следи. И го гледаме во повеќе наврати.

Истото бавно движење на камерата до лицето може најубаво се забележи и во сцената кога Фирт ќе пристигне во музејот каде што Нагасе работи како водич. Без да го види, само по гласот ќе успее да го препознае, а камерата полека и трпеливо се приближува кон лицето на Фирт. За да не одведе до тензичните, но предвидливи крајни 30 минути од филмот.

И за крај одлуката да се врати назад во Тајланд можеби беше водена од одмазда, но мислам дека Ерик се врати за да го најде сопствениот мир.

 – I’m still at war, му вели Ерик додека седи до човекот по кого дојде. А можеби тоа е најголемата поука која сака да ни ја претстави филмот со приказната за Ерик Ломакс. Не е толку филм за простувањето како човекова особина, туку повеќе за пронаоѓањето на внатрешен мир и заборав по годините поминати во внатрешна војна.

С. Лазаревска

The Railway Man ќе можете да го погледнете во Cineplexx кино салите од 28.8.2014.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...