Човекот кој направи плетенките да изгледаат секси

Запознајте го Кери Џоџи Фукунага. Од оваа недела, добитник на Еmmy награда за најдобра режија (за епизодата Who Goes There од серијата True Detective) и личноста во која се вљуби речиси целата популација на планетава.

За Кери до церемонија на Emmy наградите знаеја само „hard core“ фановите на култната серија, и малиот број на верни фанови кои му ја следат кариерата од првиот долгометражен филм Sin Nombre, па се до ден денешен.

Но, од Emmy наградите многумина пред ТВ екраните останаа со подотворени усти поради две нешта. Прво, Кери е екстремно секси и згоден млад човек (бонус: покрај тоа што е режисер, тој е и екс манекен) и второ Кери излезе на сцената за да ја прими наградата со екстремно необичен стајлинг.

Тој беше облечен во елегантен смокинг, со црни очила, но и со плетенки на главата. Плетенките беа навистина чуден избор, но искрено тие го направија уште позгоден и понеобичен, а со тоа и попривлечен кај публиката која веднаш се префрли на социјалните мрежи.

Кери доби нова милионска група на фанови, за само неколкуте минути колку што траеше неговиот говор на сцената, а инстантно доби и нови следбеници кои ќе внимаваат на него во иднина и на неговите идни режисерски дела.



Сепак, следбеникот на Кери како режисер нема да биде на телевизија, туку на „големото платно“. Тоа ќе биде филмската адаптација на книгата Beast Of No Nation, која треба да има премиера следната година, а во која главната улога ќе ја толкува Идриз Елба.



Кои се фактите кои треба да ги знаете за Кери?

Беше одговорен  генијално парче уметност, 6 минути долгата сцена од четвртата епизода на True Detective. Сцената нема кратења, монтирања и целата (6-те минути) е снимена само во еден кадар.

Роден е во Оукленд, Калифорнија 1977-ма година.

Покрај тоа што е режисер, тој е и сценарист и кинематограф

Кери е половина Јапонец (по татко) и половина Швеѓанец (по мајка)



До сега има режирано 2 долгометражни играни филма

*Sin Nombre (2009)



*Jane Eyre (2011)



Кери е поранешен студент на Милчо Манчевски (на NYU)

Течно зборува француски и шпански



Кратко беше во врска со Мишел Вилијамс во 2011-та година



Ќе го режира римејкот на култниот хорор филм It




Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...