Следен предизвик за Метју: Да ја преживее „шумата на самоубиствата“

Метју Меконахи има нов предизвик. Филмот е Sea of Trees, најновиот проект во режија на Гас ван Сант, а во него Метју ќе портретира улога каква што до сега не портретирал во кариерата.

Метју во Sea of Trees ќе биде Артур Бренан, човек од САД кој страда од клиничка депресија. Сакајќи да стави крај на маките, тој ќе одлучи да отпатува во Јапонија, поточно во Aokigahara шумата во Јапонија, која е една од најпопуларните места за самоубиства на сите кои планираат да извршат таков чин.

Но, кога ќе пристигне во шумата ќе се запознае со човек (игран од Кен Ватанабе) кој исто така е дојден за истата работа, па двајцата најпрво ќе се изгубат, а подоцна и ќе се спријателат и заедно ќе почнат на решавање на проблемите. Како сценарист на Sea of Trees се јавува Крис Спалдинг, кој пак во 2010-та година го напиша сценариото за одличниот трилер Buried.

Снимањето на Sea of Trees започна во Масачусец, САД, а се очекува во текот на овој месец да се префрли и на локациите во Јапонија. Метју беше забележан на сетот во Масачусец како со остатокот од екипата ги снима дел од сцените на Sea of Trees, облечен во темен џемпер, фармерки и оќила со црни рамки. Покрај Меконахи и Ватанабе во останатите улоги ќе се појават и одличните Наоми Вотс, Кејти Аселтон...

Премиерата на Sea of Trees се очекува следната година, а ова е Метју Меконахи во најновата улога.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...