Луси со стомак полн дрога

Наслов:
Lucy

Режија/сценарио: Лук Бесон

Актери:
Скарлет Јохансон, Морган Фримен, Чој Мунг Сик, Амр Вакед...

Времетраење: 89 мин.

Жанр:
СФ/трилер

Година на издавање:
2014-та



Женските ликови отсекогаш фасцинирале во филмовите на Лук Бесон. Никита во Nikita, Leeloo во Fifth Element,  па дури и Матилда во Leon. Сите се прекрасни, навидум кревки суштества кои во исто време се способни да совладаат 10 негативци за само неколку минути. Џос Видон е еден од ретките кој може да се пофали со истиот феминистички пристап (да двајцата ги сметам за феминисти), но Бесон сега си создаде нов таков лик.

Сега, Скарлет Јохансон е Луси. Принудна „мазга“ за дрога на гангстерот од Тајпеј, Џенг (Чој Мунг Сик). Откако пакети со синтетичка дрога CPH4 ќе и бидат хируршки вметнати во стомакот таа заедно со другите 3 „мазги“ треба да ја пренесат робата во Европа.

Но, кога дел од дрогата ќе дојде во контакт со органите, таа ќе добие неверојатна физичка сила и зголемен ментален капацитет меѓу другото. На неа и е потребна дрогата од останатите мазги, а и Џенг ја сака исто така. Сепак, Луси ќе добие мала помош од професорот Норман (Морган Фримен) и од капетанот на полицијата во Париз, Пјер дел Рио (Амр Вакед). Кој ќе дојде побрзо до дрогата и дали Луси ќе го достигне 100% капацитет на своите можности?

Како да уживате во Lucy? Игнорирајте ја логиката, научната точност и возможност на темата, невролошките теории за когнитивна способност на мозокот над 10 % кои пред неколку години ги видовме и во Limitless. Додадете ги сега способностите од дрогата како телекинеза, телепатија, сила на супер-херој, недостаток на рецептор за болка и ќе го добиете Lucy.

Чуден, интелектуално и логички хендикепиран филм, но забавен во целина најмногу поради одличната режија од Бесон и маестралните специјални ефекти (на кои работеше и FX3X). Да ќе уживате во него. А, бидејќи е дело на Бесон, Луси очекувано најпрво ги покажува физичките способности, па како што се зголемува когнитивниот капацитет и менталните. Со други зборови најпрво ќе истепа негативци, а подоцна ќе може да ги слуша нивните телефонски разговори исклучиво со мозокот. Сепак, има едно клише за нејзиниот лик кое е малку поинаку прикажано. Навистина ме ипресионираше тој пристап од Бесон во сценариото, колку и да е слабо и конфузно во најголемиот дел. Очекував кога дрогата ќе го трансформира нејзиното тело, да го направи високо интелегентно и не-емоционално зомби. Што и е во најголемиот дел да признаам, но Бесон (заедно со солидната глума од Скарлет) ни прикажал и моменти на емоции кои прават да се сочувствуваме со неа. Бидејќи дел се повеќе фрагменти од психата на Луси пред дрогата да доминира целосно со телото. Телефонскиот повик до мајка и во САД (сред операција) и советот кон цимерката се најдобрите примери за тоа.

Останатите ликови колку и да се расно, културно, етнички различни (што е за поздравување) не воодушевуваат премногу во начинот во кој се обликувани. Професорот Норман (Морган Фримен) во најголемиот дел е индиректниот наратор на филмот, и на свој начин се обидува да ја објасни состојбата која Луси ја доживува. Египетскиот актер Арм Вакед е навистина одличен како Пјер дел Рио, но за жал не му е дадено доволно простор на неговиот лик, а ни на самиот актер за да дојде до израз. Дури ни да биде партнер на Луси, и покрај тоа што и дозволува премногу за човек од неговата професија. Помислете на сцените со лудото возење до болницата во Париз.

И за крај главниот негативец на филмот Џенг. Да, тој е способен да влее страв од почетокот, но како што одминува дејствието, неговото влијание и персоната на криминален психопат се намалува во нашите очи, што е навистина штета бидејќи во чевлите на Џенг е маестралниот Чoј Мунг Сик. 

Ако ги разгледаме темите кои Бесон ги начнал во Lucy, ќе ги споменеме праисторијата, еволуцијата, синџирот на исхрана, филозофијата (You never really die, му вели Луси на Дел Рио во колата), квантна физика, а гледаме и сцена се до The Big Bang. Да тој Big Bang. Искрено ова е најголемиот опсег на теми за инспирација на Бесон. Само ќе беше подобро поубаво да ни ги претставил. Не спакувал. Претставил.

С. Лазаревска


Lucy ќе можете да го погледнете во Cineplexx кино салите од 11.9.2014.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...