Мајка- најтешката професија на планетава

Наслов:
Fort Bliss

Режија/Сценарио: Клаудија Мајерс

Улоги:
Мишел Монахан, Рон Ливингстон, Оукс Фигли, Маноло Кардона...

Времетраење: 116 мин.

Година на издавање:
2014

Жанр:
драма



Бети Дејвис еднаш рекла: „Ако никогаш во ниту еден момент од твојот живот не те мразело сопственото дете, тогаш ти никогаш не си бил родител“. Тоа најдобро го знаела двојната оскаровка, а во Fort Bliss го искуси и Мишел Монахан.

Мишел Монахан во Fort Bliss е Меги Сван, воен доктор  тазе вратен од 15-месечна тура во Авганистан. Екс сопругот Ричард (Рон Ливингстон) заедно со неговата вереница се грижеле за 5-годишниот син Пол (Оукс Фигли) целото време додека била на задачата. Но, сега додека е во Форт Блис воената база во Тексас и тренира нови регрути, (и се подготвува за нова задача) ќе се обиде да се зближи со синот кој не ја ни памети. Меги во меѓувреме ќе го запознае и згодниот механичар Луис (Маноло Кардона), кој треба да го направи престојот дома попријатен, но траумите од Афганистан ќе го отежнат процесот.

Сме гледале повеќе филмови за психолошките трауми на војниците, но тие ретко се за жените во армијата. Да, жените до ден денешен се малцинство, но Fort Bliss ја има дистинкцијата да ни ја прикаже улогата на жената и надвор од воената база. Режиран и напишан од жена, Fort Bliss е повеќе од воена драма, иако започнува како таква. Тоа е семејна драма во која начнува повеќе теми, не само пост-трауматскиот стрес кај војникот Меги Сван. Да го разгледаме нејзиниот лик од повеќе аспекти. Иако не ни е прикажан лик со најсилните мајчински инстинкти, во ликот на Меги гледаме цврста жена. Физички и психички. И покрај тоа што нема поим како да се зближи со синот. Сепак, феминистичкиот пристап за улогата на жената ни е одлично прикажан во филмот, колку и да е слабо сценариото во развојот на дејствието, но и во ликовите. И обрнете внимание на сцената кога екс сопругот ќе дознае за новата тура, (која ќе значи повторна оддалеченост од синот). Таа ќе му даде добар одговор. – „Затоа што сум добра во мојата работа. Кога мажот треба да замине од семејството поради работата, никој не се сомнева во неговата одлука, а кога јас тоа го правам, јас сум лоша мајка“.

А сличен аспект гледаме и во реакцијата на синот, уште во првите 15 минути. Кога Меги ќе се врати дома, 5-годишниот син нема ни да ја препознае. –„Таа не е мојата мама“, вели Пол (Окли Фигли), гушкајќи ја Алма, новата партнерка на Ричард која го израснала детето како свое. И траумите се видливи и на двете страни. Меги се бори со несоница, додека пак малиот Пол почнал да месечари.

Филмот има премногу ликови кои се претставени индицентно, конфузно или пак недовршени во нивните стории. Наредникот Донован, наредникот Бучер, Алма... Исто така и љубовната сторија на Меги со Луис покажува потенцијал, но не и е дозволено да расте. Не ми се допадна што причината е клише обидот на Мајерс да ги експлоатира траумите на Меги и тие да бидат главната пречка во врската на Меги со Луис, но мора да се даде аплауз за неговиот кастинг.

Како и Мишел Монахан во улогата на Меги така и Маноло Кардона во улогата на Луис прикажуваат одлични перформанси, но Кардона може да се цени и според два други аспекти. Неговата природна харизма и добриот изглед (латино актер со сини очи е навистина реткост), и фактот што неговиот лик колку и да има и самиот проблеми всушност е јинг на јангот од ликот на Меги. Тој е тој, кој бара Меги да го спушти гардот, за да може да ја запознае.

Fort Bliss можеби не е најдобриот Indie филм на годината, но има свои моменти на искреност за тоа како е да се биде родител. Не самохран родител, не вработен родител, туку само родител. Меги е воен доктор. Една од најтешките професии на планетава, но како што гледаме од Fort Bliss, мајчинството е уште потешка.

С. Лазаревска



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...