Како си ја спаси кариерата? Без шминка!

Рис Витерспун е една од најдобрите актерки на планетава. Во 2006-та година освои Оскар за најдобра главна женска улога (за нејзиното портретирање на Џун Картер во биографскиот Walk The Line), момент кој придонесе да биде прифатена од колегите, но и момент кој и го зацврсти имиџот на American Sweathart кај публиката.


Рис Витерспун во Legaly Blonde

Се до освојувањето на Оскарот, Рис Витерспун имаше одлична кариера со филмови од мешани жанрови кои беа добро прифатени од публиката и од критичарите. Cruel Intentions, Election, кој и ја донесе првата номинација за Златен глобус, American Psycho, Legally Blonde, Sweet Home Alabama беа само дел од успешните филмови пред освојувањето на златната статуетка, но по неа доминираа претежно ужасни романтични комедии кои. Изборот на филмови и се промени. Романтичните комедии како Penelope, Four Christmases, How Do You Know, This Means War беа лош избор за актерката најмногу поради фактот што беа неквалитетни, а и поради фактот што на возраст од 30-31 година таа глумеше во филмови наменети за многу помладата публика.

Сепак, тоа се промени во 2012-та година, а во оваа 2014-та Рис веќе може да се надева и на нова номинација за Оскар. Промената дојде со независниот филм Mud во кој глумеше покрај уште еден Оскаровец, Метју Меконахи. Mud беше релативно успешен на бокс офисот и доби одлични критики особено упатени кон актерите, факт кој придонесе публиката повторно да се потсети на талентот на Рис и Метју.


Рис Витерспун во Mud

Минатата година повторно глумеше покрај Оскаровец, Колин Фирт, но овој пат тоа беше филмот Devil's Knot, а оваа година ја очекуваат и уште три одлични проекти. The Good Lie, Wild и најновиот проект на режисерот Пол Томас Андерсон, Inherent Vice.


Во Devil's Knot

Промената во кариерата на Рис се случи на повеќе нивоа. Најпрво одбра филмови кои не се романтични комедии (туку биографски драми и трилери), филмови кои се поквалитетно напишани и режирани, со поквалитетни и поталентирани актери во екипата. Таа сега глуми ликови кои се пореални и со кои публиката може да се поврзе. Не премногу амбициозни, премногу успешни, пребогати жени кои ги портретираше во минатото, туку реални секојдневни жени кои треба да допрат до публиката.


Во The Good Lie

Критичарите веќе го истакнаа Wild, биографскиот филм адаптиран од истоимениот мемоар на писателката Шерил Стрејд. Филмот го следи патувањето на Шерил од 1000 километри низ САД кое таа го направи пешки само со ранец на себе, а во The Good Lie ќе глуми жена која треба да им помогне на група на бегалци од Судан да дојдат во Америка. Како и Wild и овој филм е инспириран од вистински настани, факт кој треба да придонесе да бидат ценети уште повеќе.


Во Wild

Но, најважно од се, Рис го смени и изгледот. Физичкиот изглед. Таа важи за прекрасна жена, а и ликовите кои ги глумеше во минатото беа физички прекрасни и гламурозни. Тоа се промени по Mud, а продолжи со Devil's Knot, The Good Lie, а особено со Wild. Рис во Wild побегна од имиџот на холивудска дива, и како што соопшти го сними целиот филм без грам шминка на себе. Тоа покажа дека не се плаши од предизвици, промени, но и дека не се плаши публиката да ја гледа на поинаков начин.



Тоа ја „ја спушти на земја“ и го врати мислењето кое публиката го имаше и претходно. Дека таа е пред се добра актерка, а не холивудска ѕвезда. И дека само и е потребен предизвик за да си ја врати кариерата која ја имаше претходно.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...