Кој сака Оскар?

Оскаровската трка започна и таа ќе трае се до 31-ви декември, кога е последниот ден за одржување на премиерите кои планираат да претендираат за оваа награда. Па затоа, кои се актерите кои имаат големи шанси да добијат доминација а подоцна и да се борат за златната статуетка?

Оваа година тоа ќе биде микс од докажани актери со историјат од повеќе досегашни номинации и новајлии кои ќе се радуваат на првата номинација за Оскар во кариерата.

Кои се актерките и актерите кои уште од сега се сметаат за фаворите во номинациите за Оскар и потенцијални победници?

Ќе започнеме со дамите. Во категоријата најдобра актерка во главна улога ќе бидат сместени 5 актерки, но кои се дамите кои имаат најголеми шанси да се најдат во неа? Ова се најдобрите перформанси кои воодушевија до сега.

Рис Витерспун во Wild

Претходна победа: Оскар за најдобра женска главна улога во 2006-та година (за Walk The Line)



Ејми Адамс во Big Eyes

Претходна победа: Ејми има 5 номинации за Оскар (4 за најдобра споредна улога и 1 за главна улога)



Џулијан Мур во Still Alice

Претходна победа: 4 номинации за Оскар (2 номинации за главна и 2 за споредна женска улога)



Фелисити Џонс во The Theory Of Everything

Претходна победа: нема победа а ниту номинација



Розамунд Пајк во Gone Girl

Претходна победа: нема ниту победа а ниту номинација



Џесика Частејн во The Disappearance of Eleanor Rigby: Them

Претходна победа: 2 номинации за Оскар (една за споредна и една за главна женска улога)



Марион Котиљард во Two Days, One Night

Претходна победа: Оскар за најдобра женска улога во 2008-ма година за La Vie en Rose



Хилари Свенк во The Homesman

Претходна победа: 2 Оскари за главна женска улога (за улогата во Boys Don’t Cry во 2000-та и за Million Dollar Baby во 2005-та)



Кај актерите е поинаква ситуација. Актерите кои доминираат во оваа категорија се релативно познати актери, кои до сега биле избегнувани во сезоната на наградите, а особено во Оскарите.

Актери дури сега се пробиваат во очите на публиката, кои до сега биле познати по својата работа во жанрот комедија (често игнориран од академијата) или пак кои не биле толку познати кај американската публика.

Кои се тие?

Стив Карел во Foxcatcher

Претходни победи: нема



Бенедикт Камбербач во The Imitation Game

Претходни победи: нема



Еди Редмајн во The Theory Of Everything

Претходни победи: нема



Хоакин Феникс во Inherent Vice

Претходни победи: 3 номинации за Оскар (2 за главна машка улога и една за споредна)



Мајкл Китон во Birdman

Претходни победи: нема



Бил Мареј во St. Vincent

Претходни победи : 1 номинација за Оскар (за улогата во Lost In Translation)



Оскар Ајсак во A Most Violent Year

Претходни победи: нема

Џејк Џиленхал во Nightcrawler

Претходни победи: номинација за Оскар во главна машка улога (за улогата во Brokeback Mountain).




Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...