Жал ми е ако црвениот тепих некој го искористи за лична промоција

Директорката на Интернационалниот фестивал „Браќа Манаки“, Лабина Митевска објави официјална изјава поврзана со скандалот кој настана на црвениот тепих на отворањето на фестивалот во Битола.

Митевска и режисерот на „До Балчак“ Столе Попов беа „уловени“ од камерите кои вршеа пренос како се расправаат за време на пристигнувањето на гостите на црвениот тепих.

Како фестивал се трудиме достоинствено да ги пречекаме сите гости и тоа секогаш да биде на рамноправно ниво. Tоа се однесува oсобено на македонските премиери, на кои им посветуваме особено внимание и почит. Однесувањето на дел од филмската екипа на „До балчак“ сметаме дека е недолична и неправедна кон нас. Не постои светски фестивал кој бил вака навредуван од гостите. Доколку имало какво било недоразбирање, требало прво да ни се обратат нам за да го решиме на лице место, а не во јавноста намерно да се шират дезинформации и искривена слика за околностите. Ние како фестивал никогаш не поддржуваме тенденциозно правење скандали и никогаш нема да поддржуваме. Во таа смисла, црвениот килим некому му се допаѓа, некому не, но се трудиме да наликуваме на големите светски фестивали и „Браќа Манаки“ го правиме по тој терк. Навистина ми е жал ако црвениот килим и можноста да го претстави своето уметничко дело некој овој пат го искористи за лична промоција. Фестивалската програма е така конципирана што секоја година го ставаме фокусот на една ѕвезда. На отворањето ја имавме Жулиет Бинош и двајцата Оскаровци-добитници на „Златна камера 300“. Вториот фестивалски ден беше насочен кон филмот „До балчак“. И во двата случаи се вложивме со сите расположливи капацитети и можности. Сите недоразбирања ги оставаме зад нас, она што е сега важно дека имаме еден мошне интересен филм, од добар автор, ние секогаш ќе ги поддржуваме квалитетните уметнички дела, затоа сме и тука, соопшти Митевска.

Интернационалниот филмски фестивал „Браќа Манаки“ започна на 13-ти а ќе трае се до 19-ти септември. Специјална гостинка на фестивалот во Битола е француската актерка и Оскаровка, Жулиет Бинош.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...