Револуцијата може да почне! Да живее Mockingjay!

Oфицијалниот трејлер за The Hunger Games: Mockingjay – Part 1, првиот од двата филма на кој е поделен последниот дел од Hunger Games трилогијата е објавен за фановите.

Во официјалниот трејлер за мега-успешниот блокбастер ќе можеме да ја видиме револуцијата против претседателот Сноу која ја подготвуваат бунтовниците во Панем. Револуцијата за да се урне режимот на Сноу е предводена од хероина Катнис Евердин (портретирана од Оскаровката Џенифер Лоренс) со помош на Дејл (Лијам Хемсворт)  пријателот од 12-та област.

Нејзиниот партнер од претходните филмови Пета Маларк (Џош Хачерсон) сега е пион на претстедателот Сноу (Доналд Сатерленд), а Катнис и Дејл (Лијам Хемсворт) треба во исто време  да го спасат од заробеништвото во кое Сноу му го испрал мозокот.

Hunger Games третиот дел од франшизата сега насловен Mockingjay е првиот од два дела на кој беше поделен. Во него покрај Лоренс и Хемсворт, свое (за жал) последно појавување ќе има и Оскаровецот Филип Сејмур Хофман кој почина во февруари оваа година од предозирање со хероин.

Исто така, покрај стандардните актери од претходните филмови во франшизата (Вуди Харлесон, Стенли Тучи) во Mockingjay Part 1 како нови лица во актерската екипа ќе се појават Натали Дормер и Гвендолин Кристи (актерките кои се прославија со серијата Game Of Thrones), Џулијан Мур, Махерстала Али, Роберт Кнепер...

Премиерата на Hunger Games- Mockingjay Part 1 се очекува на 21 ноември оваа година, а ова е првиот официјален трејлер.

Погледнете.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...