И утопијата не е толку фантастична

Наслов:
The Giver

Режија:
Филип Нојс

Сценарио:
Мајкл Митник и Роберт Б. Вајд

Улоги:
Брентон Твејтис, Одеја Раш, Џеф Бриџис, Мерил Стрип, Александер Скарсгард...

Времетраење: 97 мин.

Година на издавање:
2014-та




Замислете заедница во која нема раси, бои, религија, лаги, болка, омраза, војни, чувства, семејства, љубов, музика. На луѓето во неа им се избришани сеќавањата и никој нема право на избор. За ништо. Носат идентична облека, и никој нема презимиња. Не се потребни, бидејќи никој не е индивидуа. Децата живеат со „родителски единици“, вид на сурогат родители и сите се претопени во масата.

Џонас (Брентон Твејтис) живее во таква стерилна заедница. На самиот почеток во The Giver тој и останатите тинејџери, се назначени за нивната професија. Џонас, за разлика од пријателите Ашер (Камерон Монахан) и Фиона (Одеја Раш) е одбран да биде следниот The Resiver (примачот на меморија). Човек кој ги поседува сите сеќавања за животот од претходно т.е. пред големата војна, а кои ќе му бидат пренесени од The Giver (Џеф Бриџис). Сеќавањата кои ќе ги добие, за него ќе биде непознати, премногу за да може да ги издржи, но и мотив да ја промени состојбата. Мисијата нема да и се допадне на контролорот Chief Elder (Мерил Стрип) и ќе стори се што е во нејзина моќ да го сопре.

The Giver сака да ги поедностави нештата за публиката за да дојдеме до поентата на филмот, но сценаристите успеале токму во спротивното. Го направиле нејасен, конфузен, комплициран, предвидлив во финишот и само  површински ги начнува дилемите на главниот лик. Премногу фокусиран на визуелниот приказ, а премалку на структурата. Главниот нагласок на филмот е ставен на правото на избор. Како што гледаме кај Џонас, е произлезен од знаењето за нештата кои може да ги избере и за кои дознава дека воопшто постојат. Како што ќе дознае дека постои љубов, музика, слонови, во исто време ќе дознае дека постои убиство, војна, смрт.

-Ако луѓето имаат слобода да изберат, тие ќе изберат погрешно, вели Chief Elder.

Секој пренос на меморија помеѓу „The Giver“ и „The Reciver“ е потенцијален мотив за развој на нова приказна во сторијата, но таа е само начната и централно фокусирана кон Џонас. Малку лимитирачки, оскуден и искрено безбеден избор од сценаристите. Можам да го разберам. Тој е единствениот лик  кој е релевантен за сторијата.

Александар Скарсгард како „таткото“ на Џонас дава солиден перформанс, но пријателите Фиона и Ашер се еднодимензионални и непредизвикувачки, како и самите актери во нив. Брентон за среќа барем има харизма и заеднички сцени со маестралниот Џеф Бриџис, инаку и тој ќе се придружеше на помладите колеги во групата на неимпресивните. Подмладокот од друга страна се’уште треба да научи како да глуми не-емоционален лик, а да не звучи и да изгледа како робот. А ако се паметни, треба да се угледаат на Мерил Стрип. Примарниот негативец. Chief Elder, ликот кој Мерил го портретира е токму тоа. Не-емоционален диктатор, која кога ја гледате, ве хипнотизира од топлината на екстериерот и студенилото на нејзината персона. Мерил е апсолутно маестрална колку и да е кратка нејзината минутажа, а не смее да се заборави и Џеф Бриџис како The Giver. Оскаровецот е движечка сила во актерската екипа. Неговиот лик е поларна спротивност од тој на Стрип, но подеднакво маестрален во перформансот.

Ако забележите голем дел од филмот е сниман во црно-бела техника. Смел избор на режисерот Нојс, со кој се нагласува сивилото, едноличноста на животот во заедницата, за бојата да се остави претежно за сеќавањата кои Џонас ги добива од Тhe Giver. Ако направиме и мала споредба во деталите, ќе видиме сличности со Equilibrium, од 2002-ра година, особено со медикаментите за инјектирање кои ги поттиснуваат емоциите и болката. Сега тие дози се пред влезната врата од куќите, но целта е речиси идентична.

И за крај често низ филмот ја слушаме реченицата „Precision Of Language“. Фраза за прекорување на секој кој вербално изразил емоции. Си помислив, можеби заедницата во The Giver, не се плаши од искажувањето на емоциите преку дела, револуции, бунтови. Се плаши првенствено од зборовите. Понекогаш тие предизвикуваат страв повеќе од делата.

С. Лазаревска



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...