Најскандлозниот брак во историјата сега на филм

Не, тоа не е бракот на Кање и Ким. Станува збор за еден од најконтровезните бракови од 19-от век, тој помеѓу Ефи Греј и викторијанскиот литературен критичар Џон Рускин.

Режиран од Ричард Лекстон, напишан од двојната Оскаровка Ема Томпсон, која во Effie Grey ќе ја толкува и улогата на литературната критичарка и колешка на Рискин, Лејди Истлејк, филмот ќе се фокусира на распадот на бракот помеѓу Греј и Рускин.

Греј се омажила за Рускин кога таа имала 19, а тој 29 години, но дури ни по 5 години брак немале секс, факт кој предизвикал Греј да се впушти во афера со сликарот Џон Еверет Милајс.

Скандалот предизвикал тој да побара поништување на бракот, нечуен потег во тогаш конзервативната Викторијанска Англија. За време на судското рочиште Греј го обвинила сопругот дека е импотентен, додека тој се обидел да го убеди судот дека сопругата има некој ужасен израсток на телото кој предизвикувал одбивност кон неа.

Поништувањето конечно им било дозволено, па набрзо Ефи Греј и љубовникот Џон Еверет Милајс стапиле во брак. Подоцна бракот се покажал како среќен и успешен. Ефи често служела како муза и модел во сликите на Милајс, а двајцата станале родители на дури 8 деца.

Улогата на Ефи Греј и беше доделена на американската актерка Дакота Фенинг, Грег Вајс ќе го портретира сопругот Џон Рускин, додека пак сликарот Милајс ќе глуми актерот Том Стуриџ.

Ема Томпсон која е образована на Кембриџ Универзитетот, веќе освои Оскар за најдобро адаптирано сценарио во досегашната кариера. Таа го напиша сценариото базирано од новелата од Џејн Остин, Sense and Sensibility, а само 3 години претходно освои и Оскар за најдобра главна женска улога во филмот Howard’s End.

Во останатите улоги ќе имаме можност да ги видиме и одличните Роби Колтрејн, Џули Волтерс и Клаудија Кардинале. Премиерата на Effie Grey се очекува во ноември оваа година, а ова е првиот трејлер.

Погледнете.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...