Почесен Златен Глобус за Џорџ Клуни

Престижната награда „Сесил Б. ДеМил“ за придонес на кинематографијата оваа година заминува во рацете на оскаровецот, актер, режисер и продуцент, Џорџ Клуни, а ќе му биде врачена во јануари наредната година на церемонијата Златен глобус, јавија организаторите на церемонијата.

Наградата која се вика и почесен Златен глобус го носи името на пионерот на американската кинематографија на режисерот и продуцент Сесил Б Де Мил, со Оскар награден во 1952 година за филмот „Најголемата претстава во светот“.

Меѓу претходните добитници на оваа награда се и Вуди Ален, Џоди Фостер, Морган Фримен, Роберт де Ниро, Мартин Скорсезе и Стивен Спилберг.

Џорџ Клуни со вереницата Амал Аламудин претстојува во Италија, каде неодамна во Фиренца исто така прими награда и ја најави венчавката во Венеција.

Клуни со Оскар е награден за споредна машка улога во филмот „Syriana“ и како продуцент на најдобар игран филм во 2013 година „Argo“. Освои три Златни глобуси. Оваа година како режисер го објави неговиот петти филм „The Monuments Men“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...