Еурека! Жените се „кул“ акциони херои

Генерации на деца во 80-те и 90-те растеа со акционите херои како на пример, Џон Меклејн, Џон Рамбо, а со тоа и со актерите како Стивен Сегал, Брус Вилис, Арнолд Шварценегер, Жан Клод Ван Дам, Весли Снајпс, Мел Гибсон.

Актери кои во најголемиот дел не се истакнуваа по талентот за глума, а особено не убавината, туку исклучиво по мускулатурата и способноста да истепаат и убијат десетици негативци за само минута или две. Тие портретираа ликови кои направија машката публика да се идентификува со нив, да ги идеализира, а тоа придонесе и филмовите да профитираат на бокс офисот, колку и да беа неквалитетни. Но, полека со завршувањето на 90-те и пристигнувањето на новиот милениум почнаа да се менуваат нештата.

Да се осврнеме на еден мал детал за почеток. Овој месец беше објавено дека Оскаровката Џенифер Лоренс влезе во Гинисовата книга на рекорди за портретирање на најпрофитабилната акциона филмска хероина, Катнис Евердин. Франшизата Hunger Games во која Лоренс ја толкува главата улога, заработи до сега 1.5 милијарди долари, а со очекувањето на двата последни дела насловени Mockingjay 1 и 2, се очекува таа бројка да достигне до 3-4 милијарди долари. Но, Hunger Games е само последниот успешен филм со женска хероина во главниот лик.

Во ерата на Шварци и Слај, женските хероини беа толку ретки, што можеа да се избројат на прстите од една дланка. Елен Рипли (Сигурни Вивер) и Сара Конор (Линда Хамилтон) беа едни од ретките во доминантно машки ориентираните акциони филмови. Вивер и Хамилтон ги отворија портите, па затоа следеа ликовите на Ума Турман (Kill Bill), Мила Јовович (Resident Evil), Аџелина Џоли (Wanted), а подоцна таа бројка на женски херои се зголеми, но и се прошири на други жанрови.

Зои Сладана стана „poster child“ за новата генерација на женски акциони херои со улогите во Colombiana, Avatar, Guardians Of The Galaxy, Скарлет Јохансон стана препознатлива по улогата на Black Widow во повеќе Marvel филмови (Iron Man, The Avengers, Captain America) па дури и Емили Вотсон се испроба во светот на акционите херои. Таа беше движечка сила на Edge Of Tomorrow, во кој нејзиниот лик дури го тренираше тој глумен од Том Круз. Да, Том Круз.

Hunger Games и Divergent имаат хероини кои се портретирани од актерки кои се многу помлади од гореспоменатите. Џенифер Лоренс има 24 години, а Шарлин Вудли само 22 години, но тие се одликуваат со физичка и ментална издржливост која може да ја пренесат во ликовите, а да не споменуваме дека и на толку млада возраст, тоа се најталентираните актерки на нивната генерација. Но, како што споменавме хероините на денешницата не се лимитирани на акционите блокбастери, туку и во квалитетните оскаровски филмови како на пример Gravity. Сандра Булок беше маестрална во ремек-делото на Алфонсо Куарон, а ако забележавте во најголемиот дел нејзиниот лик сам се избори за да се врати на Земјата безбедно.

И токму тоа е поентата на промената која ја чекавме. За разлика од претходно, жените во холивудските филмови сега се храбри, бестрашни, интелегенти, самодоволни и не треба да чекаат да ги спаси некој од посилниот пол. Да и тие сега им носат профит на филмските сутдија како што тоа го правеа мажите во 90-те. Но, која е главната разлика?

Ликовите како Катнис на пример ги рушат стереотипите, и поставуваат нови стандарди за новите генерации на фанови кои доаѓаат во кино-салите. Особено женски фанови. Да нема забуни, тие се се’уште женствени, изгледаат прекрасно, но феминизмот во филмовите не се промени толку многу во физичкиот изглед, туку во тоа што тие претставуваат и за што се залагаат во филмовите.

Беатрис Прајор и Катнис Евердин се борат да ги урнат диктаторите во пост-дистописките општества во кои живеат, да ја вратат демократијата и да донесат нов поредок за просперитет на жителите. Да Слај и компанијата се бореа против терористи и тие се се’уште закана во нашето секојдневие, но во исто време сличности може да се направат и со сториите во Hunger Games и Divergent со реалноста на денешницата.

Пред само неколку месеци поздравот со три прста на Катнис беше забранет од војската во Тајланд за време на протестите во оваа држава. По воената хунта во мај оваа година, Тајланд го забрани поздравот на Катнис, од страв да не им даде поттик за бунтување на жителите како и во самиот филм.

Тоа е целата поента. Женските ликови сега не само што се рамноправни со машките, туку се и поинспиративни од нив. Не да одат во екстеми како „спасување на светот од катастрофи“ (сетете се на Армагедон). Способни се да влеат храброст, но најмногу од се да го променат менталниот сет во позитивна смисла на нови генерации кои доаѓаат во кино салите да ги гледаат.

Браво!



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...