„Големите очи“ на Тим Бартон

Big Eyes, најновиот филмски проект на режисерот Тим Бартон, го доби првиот трејлер.

Биографскиот филм за разводот помеѓу сликарката Маргарет Кин и нејзиниот сопруг Волтер Кин и последователната судска битка за докажување на авторските права на сликите, ќе биде еден од главните фаворити во претстојната оскаровска трка.

Улогата на Маргарет Кин во Big Eyes ја толкува американската актерка Ејм Адамс, додека пак улогата на Волтер Кин му беше доделена на двојниот Оскаровец Кристоф Валц.

Ејми во филмот на Бартон ќе ја толкува Маргарет Кин, познатата сликарка од 50-те и 60-те години на 20-от век чија специјалност биле портретите со анатомски големи и непропорционални очи на лицата кои позирале. Валц пак ќе ја толкува улогата на нејзиниот сопруг Валтер Кејн, неталентиран уметник кој јавно си ги присвоил нејзините слики како свои и се обидел да профитира од нивната продажба.

Маргарет уште додека биле во брак го тужела сопругот за авторските права, а тужбата се разгорела и по разводот кој бил уште покомплициран од нивниот брак. Според забелешките на медиумите кои го следеле судењето, судската постапка била толку замрсена, што судијата при самиот крај морал да им нареди на двајцата на лице место во судницата пред него и поротата да насликаат една таква слика за да се утврди кој лаже и кој ја кажува вистината. Маргарет победила на лице место и успеала да докаже дека таа е авторот.

Покрај Валц и Адамс во останатите улоги во Big Eyes ќе се појават и актерите Кристен Ритер, Дени Хјустон и Џејсон Шварцман.

Премиерата на Big Eyes се очекува на 25-ти декември оваа година, но во меѓувреме погледнете го првиот трејлер.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...