Новиот „вистински детектив“

Колин Фарел е новиот „вистински детектив“. Ирскиот актер ќе ја толкува главната улога во втората сезона од успешната антологиска серија True Detective, беше потврдено денес од американските медиуми.

Фарел ќе биде едната половина од актерското дуо во втората сезона од True Detective, додека за улогата на неговиот партнер се борат актерите Винс Вон и Тејлор Кич. Според досегашните пишувања, дејствието на втората сезона ќе биде сместено во 3 градови во Калифорнија, а сижето ќе наликува на микс од култните филмови Chinatown и Zodiac.

За женските улоги во втората сезона од True Detective, Рејчел Мекадамс и Елизабет Мос се главните фаворитки на Пизолато, но се’уште нема потврдено која од актерките е одбрана да биде ѕвезда на втората сезона.

Првата сезона која беше режирана од младиот Кери Фукунага, беше критички успех, а имаше одлична гледаност од страна на ТВ публиката. Главните улоги во антологиската серија ги толкуваа Вуди Харлисон и Метју Меконахи, кој пак освои Оскар при самиот крај на прикажувањето на самата серија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...