Крв, пот и солзи

Не постојат поштетни зборови во англискиот јазик од „good job“

Наслов:
Whiplash

Режија/сценарио: Дамијан Шезел

Улоги:
Мајлс Телер, Џеј Кеј Симонс, Мелиса Беноис...

Жанр: музичка драма

Времетраење: 106 мин.

Година на издавање:
2014-та





Веднаш по пристигнувањето дома, го напишав ова за Whiplash на мојот Facebook профил:

Ок, да бидеме сериозни за момент. Ова е веројатно еден од најдобрите филмови кои што сум ги гледала... Всушност излегов од кино-салата пред 1 час и се’уште сум „шејки“... Не верував дека филм за „wanna be“ џез тапанар може да ме трогне, изнервира, возбуди, исплаши, расплаче, препоти (да препоти). Режисерот е 29-годишен „preppy“ од Харвард, на кого ова му е втор филм во кариерата, но има еден тон потенцијал да стане новиот Вуди. За Џеј Кеј Симонс и Мајлс Телер не треба да трошам зборови...

Искрено, сега сакам да потрошам зборови, и да го елаборирам напишаното, бидејќи Whiplash е маестрален филм, за кој допрва ќе слушате. Во Whiplash, Ендру Нејман (Мајлс Телер) сонува да стане славен тапанар. Идниот Бади Рич. Тој е студент на Шејфер конзерваториумот и уште на стартот ќе биде поканет од професорот и диригент, Теренс Флечер (Џеј Кеј Симонс) да биде дел од неговиот џез бенд. Тоа што ќе започне како „отскочна штица“ за џез слава, ќе се претвори во брутален дуел и игра на нерви меѓу ученикот и учителот.

Главното прашање во овој дуел од филмот не е кој ќе победи, туку до каде ќе отидат двајцата за да победат? Да се осврнеме и на двајцата ликови подеднакво, за да можеме да ги разбереме. Теренс Флечер за почеток. Манијакален насилен социопат, кој сака со психолошка и физичка тортура и кршење на духот на студентите, да создаде нова џез легенда. Флечер предизвикува мачнина во вас, не само со карактерот, туку и со надворешниот изглед. Секогаш облечен во црно, дури и неговото отсуство е психолошки деструктивно, не само присуството пред камерата. Искрено, Теренс прави наредникот Хартман во Full Metal Jacket да изгледа како Мери Попинс, а во исто време колку и да го презирате самиот лик, не може да се негира дека Симонс ја прикажува глумата на неговата кариера. Апсолутно маестрален перформанс кој допрва ќе освојува награди. Верувајте.

А што е со Ендру? Шезел солидно ни го претставил и ученикот во сценариото, морам да признам. На почетокот го сожалував. Млад надежен и талентиран, лесен за манипулирање. И не смееме да заборавиме дека поради тоа е подготвен да му верува на маестрото, да ги истрпи сите напади и да ги преведе како мотивација. Но, во случајот кај Ендру, повеќе е доминанетен очајот од амбицијата. Да размислиме подобро. Потекнува од семејна низа на медиокритет и неуспех (татко му на пример, никогаш не станал писателот кој сонувал да стане) и токму тоа за него е главниот мотив да не стане следната алка во низата. Очајот да не стане како татко му, е повеќе од мотив за Ендру. Само погледнете ја сцената во која ќе и раскине на девојката Никол (Мелиса Беноист), затоа што смета дека набрзо ќе стане кочницата за него. Телер беше одличен минатата година во Spectacular Now, но сега талентот на овој актер е на сосема друго ниво. Го сакавме ова ниво, бидејќи знаевме дека може да го достигне иако има само 27 години.

Сепак, можеби најмногу од се фасцинира режијата и визуелниот стил на Шезел. Просто е неверојатно како со кратки отсечни кадри во екстремно долги сцени, фокусирани повеќе на тапаните, отколку на самите ликови може да „извадат“ повеќе емоции од дијалозите. Шезел е подеднакво агресивен во режијата, како што беше во сценариото. Дипломецот од Харвард со бруталната режија и минимален претежно затворен сет, прави камерата да биде мостот до ликовите, а богами не се штедело и на динамиката во монтирањето од Том Крос и на кинематографијата од Шарон Меир. Секоја раскрвавена дланка, секоја капка пот, секоја солза од лицето на Ендру носи нова приказна, маестрално доловена од Шезел дури и кога филмот бавно се ближи до крешендото.

Филмов по гледањето промени нешто во мене. Меѓу другото направи да го засакам џезот уште повеќе, но промената дојде неколку часа по крајот. Кога имав време да го процесирам. Обрнете внимание на финалната 10-минутна сцена со надмудрувањето меѓу Теренс и Ендру на сцената. Всушност, тоа не е надмудрување. Наречете го „мило за драго“ докажување дека Ендру е подобриот човек од него. Не подобар музичар. Човек.

С. Лазаревска



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...