Децата „изгореа“ на сонцето

Наслов:
Деца на сонцето

Режија:
Антонио Митриќески

Сценарио: Гордан Михиќ

Улоги:
Владо Јовановски, Ивана Павлаковиќ, Кире Горевски, Билјана Таневска...

Времетраење: 90 мин.

Година на издавање:
2014-та

 

 

„Деца на сонцето“ е само 3-от игран филм во кариерата на Антонио Митриќески, прв по 11 години, т.е. по „Како лош сон“. И по повеќе од една година следење на продукцијата, присуството на сетот, интервју со кинематографот Јарослав Шода, пристигна и кино проекцијата.

„Деца на сонцето“ e приказна за Ангела (Ивана Павлаковиќ) и Марко (Кире Ѓоревски). Вљубен пар од Преспанско, кој врската ја држи во тајност затоа што секој од нив има не само „сиво“ минато, туку и сегашност. По пожарот во семејната кафеана, семејството на Ангела, предводено од таткото Кале (Владо Јовановски) ќе биде приморано да се пресели во езерската куќа на нејзиниот дедо Крал (Мето Јовановски). Сепак, можеби најтешкиот момент за неа е притисокот од мајка и да се омажи за „богатиот“ и постар гастербајтер Фурда (Емир Хаџихафизбеговиќ) за да ја обезбеди финансиската иднина. Марко пак од друга страна е сирак, екс затвореник кој сега работи како крупие во казиното на мафиозото Сони (Јорданчо Чевревски). Немил настан во казиното не само што ќе фрли дамка на веќе лошата ситуација за двајцата, туку ќе стане потенцијална закана да им ја уништи и иднината. Античка склуптура во облик на овен ќе ги спаси...но само за момент.

„Деца на сонцето“ е чуден филм морам да признаам. Микс од реализам и мистичен фолклор лошо спакуван во 90 минути. Да започнеме од тоа што е опипливо за денешницата во која живееме и со кое можеме да се идентификуваме гледајќи го. Нелојална конкуренција и не-фер играта која ја играат „големите фирми“ (потпомогнати со мафијата) со цел да ги елиминираат малите. Палењето на кафеаната на Крал е добар пример за тоа. Договорените бракови преку огласи од „богати гастрбајтери“ особено во руралните делови на државава исто така се реалност, а и сомнежот за нивниот легитимитет. Фурда заврши зад решетки. Но, за жал многу други не ја добиваат казната која ја заслужуваат. И да, сето тоа иако е само површински начнато, недоволно истражено и уште помалку иновативно претставено, сепак, е нашата реалност и може да се препознае.

Остатокот е надреалистичниот квази-интелектуален и „историски“ дел од сценариото за легенди, овчари, овени и богатство оставено во Преспанското езеро од римска легија. Претставени како филмот да е епизода од Македонски народни приказни. Искрено, и тој го протолкував како „поетски“ приказ и на уште еден дел од нашето секојдневие, но требаше долго да дојдам до него. Можело да биде упростен, за да се претопи со остатокот од сценариото на Михиќ и да прикаже нешто веќе добро познато. Желбата за брзо богатење. Размислете. По пожарот на кафеаната, наместо фамилијата да се „фати за работа“ да изгради нова, или во најмала рака да се обидат да најдат работа, златниот антички овен е брзото решение за нивните проблеми. И не само за тие на фамилијата, и за тие на Марко и Ангела. Овенот ќе му отплати долгот кај Сони, а во процесот за момент ќе му го спаси животот.

Двајцата водечки актери (Павлаковиќ и Ѓоревски) се физички привлечни, но не се истакнуваат премногу со напорот во глумата. Особено не Павлаковиќ која прикажува „порцелански ладна“ фасада и не-емоционален перформанс, но изненадувачки на моменти нивната хемија покажува потенцијал. Билјана Таневска, Милица Стојановска и Јорданчо Чевревски се најприродни пред камерата, но недоволно искористени. Од технички аспект пак, замерка може да се даде на преголемата употреба на рачна камера од Митриќески. Свесна сум дека сетот (особено на крајбрежјето и езерската куќа) не дозволува steady cam, или пак trolley, но ретките сцени во кои всушност се употребени, се навистина добредојдени.

Како социјална порака, Деца на сонцето „функционира“. Како љубовна приказна исто така, па дури и во одредена мера како социјална критика кон општество во кое живееме. Подалеку од тоа не.

С. Лазаревска



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...