Сопруга од кошмарите

Најомразениот сопруг во САД и „исчезнатата девојка“

Наслов:
Gone Girl

Режија:
Дејвид Финчер

Сценарио: Џилијан Флин

Улоги:
Розамунд Пајк, Бен Афлек, Тајлер Пери, Кери Кун, Ким Дикенс, Нил Патрик Харис...

Времетраење: 150 мин.

Година на издавање:
2014-та




Да започнеме со фактите. Gone Girl е 5-от филм во низа во кариерата на Дејвид Финчер кој е адаптиран од литературно дело. Од Zodiac во 2007-ма година, па се до Gone Girl, во 2014-та. Но, Gone Girl ја има привелегијата да биде адаптиран од самата писателка која и ја напишала книгата, Џилијан Флин. А токму тоа е една од причините кои го прават, одличен филм кој не смее да се пропушти.

Бен Афлек во Gone Girl е Ник Дан, екс новинар претворен во професор и ко-сопственик на бар во Мизури. На 5-годишнината од бракот, ќе дојде дома и ќе забележи дека сопругата Ејми (Росамунд Пајк) исчезнала. На прв поглед нема ниту трага и глас од неа освен една скршена маса во дневната соба. Детективот Ронда Боуни (Ким Дикенс) и полицаецот Џим Гиплин (Патрик Фјуџит) се назначени на случајот, кој многу брзо ќе се претвори во „медиумска хајка“ бидејќи не само во очите на полицијата, туку и јавноста тој е веќе виновникот. За да си го обели образот, а и тој на сестра си Марго (Кери Кун), Ник ќе го ангажира адвокатот Тенер Болт (Тајлер Пери), и ќе почне да копа по минатото, за да ја пронајде. Дали ќе успее?

Дејвид Финчер е ѕвездата зад камерата во Gone Girl, а Розамунд Пајк пред неа. Финчер. Што да се каже за маестрото? Тој не само што ни претстави речиси Хичкок-овска трилер мистерија во атмосферата, дури успеа да го направи Бен Афлек респектабилен актер, што кажува многу за тоа каков гениј е. И не само што ни ни го прикажа гниењето на еден токсичен брак, тоа го направи во неговиот препознатлив стил. Со steady cam, „придушени“ леќи, жонглирањето на визуелно „чисти“, но долги кадри во сцените со дијалог,  со кратки наративни сцени најчесто фокусирани на активностите на Ејми. Флин од друга страна, не само што си ги познава ликовите, во најголемиот дел таа убаво ги обликувала и ги води глатко и бавно низ премисата, што искрено му оди во прилог и на Финчер. На моменти филмот губи темпо, и преминува во адаптација на лошо романтично романче (особено во сцените на Ејми со Дези кон крајот). Но, тоа што може да се цени е дијалогот на Ник речиси со сите ликови во опкружувањето. Особено со сестрата Марго, детективката Ронда и адвокатот Тенер. Можеби тоа се единствените ликови кои повеќе или помалку му веруваат во невиноста. Бен Афлек пак, изненадувачки го трансформира Ник од социопат до емпатичен херој и покрај тоа што не е најдобриот сопруг во Мизури. 

Ејми од друга страна е „селебрити“ и пред исчезнувањето. Родителите го „плагијализирале“ детството и го претвориле во хероина од детските книги наречена „Amazing Amy“. Сепак, свесна е дека смее да се жали. Целото богатство кое го наследила е благодарение на Amazing Amy. Но, ако забележите Финчер и Флин го менуваат мислењето за нејзината психичка состојба по само еден час од филмот. Во првиот час таа е нараторот, па целата перцепција за нејзиниот живот/брак ја гледаме од нејзината гледна точка. По тој еден час перцепцијата се префрла на Ник, а со тоа се менува и нашето мислење за тоа кој е „жртвата“ во сторијата. Розамунд Пајк е навистина маестрална во улогата на Ејми, но искрено актерот кој ме воодушеви и покрај тоа што е во споредна улога беше Тајлер Пери како адвокатот Тенер Болт.

Покрај социјалните теми (улогата на жената во семејството), економските (рецесијата), во голем дел е претставена и улогата на медиумите во обликувањето на јавното мислење за речиси сè. Ликот на водителката Ејлин Абот (Миси Пајн) ќе ве изнервира во речиси целото дејствие, но за жал таквите личности постојат во ТВ етерот во САД и со секоја емисија креираат мислење, занемарувајќи ја презумпцијата на невиност.

Gone Girl е одличен филм. Маестрално „извајан“ од режијата на Финчер, солидно напишан од Џилијан Флин, со одлични перформанси од Розамунд Пајк, Тајлер Пери, Кери Кун и Бен Афлек и „завиткан“ во визуелниот целофан од музиката на Трент Резнор и Атикус Финч, Gone Girl, е вистински подарок не само за фановите на Финчер туку и на самиот жанр- мистертиозен трилер.

С. Лазаревска

Gone Girl можете да го погледнете во Cineplexx кино салите во Скопје:

работни денови: 17:00, 18:15, 19:50, 21:00, 22:40
викенд: 11:40, 14:30, 17:00, 18:15, 19:50, 21:00, 22:40 часот



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...