Камбекот на Кетрин по 5-годишниот ТВ егзил

Кетрин Хејгл по пауза од 5 години се враќа на „малите екрани“, но овој пат не во нова медицинска драма, туку во политичка трилер серија во таа ќе ја има главната улога.

Прекрасната русокоса во State of Affairs ќе ја толкува улогата на аналитичарката во ЦИА Чарлстон „Чарли“ Такер одговорна за штитењето на претседателката на САД, Констанс Пејтон (играна од Алфи Вудард). Чарли и Констанс во серијата покрај тоа што ќе бидат поврзани на професионален план, двата ликови ќе бидат поврзани и на приватен бидејќи Чарли веќе била верена за синот на Констанс, пред неговата предвремена смрт.

35-годишната Хејгл беше забележана од папараците, како во Пасадена Калифорнија ги доснимува последните сцени од првата сезона на State of Affairs, пред премиерата на 17-ти ноември.

State of Affairs ќе биде обид на Хејгл да ја оживее кариерата кој и пропаѓа по низата на бокс офис и критички неуспеси како The Ugly Truth, Killers, Life as We Know It, New Year's Eve, One for the Money а за тоа придонесе и репутацијата дека е тешка за соработка.

Таа стави пауза на нејзината актерска кариера по заминувањето од Grey’s Anatomy во 2009-та година и се фокусираше на растењето на двете ќерки заедно со сопругот, кантри пејачот Џош Кели.

Погледнете го трејлерот и фотографиите од снимањето на State of Affairs.





Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...