За прв пат по речиси декада: Бред и Анџелина пак заедно на филм

Бред Пит и Анелина Џоли ќе глумат заедно на филм за прв пат по речиси една декада, т.е. по филмот Mr. And Mrs. Smith од 2005-та година.

Најновиот заеднички проект на мега-двојката од Холивуд е By The Sea, љубовна драма за двајца сопружници кои ќе заминат на долг одмор со цел да го спасат бракот кој полека почнува да се распаѓа. Но, одморот за двајцата ќе се покаже како уште подеструктивен, бидејќи ќе почнат уште повеќе да се оддалечуваат и да се зближуваат со други луѓе кои ќе ги сретнат на патувањето. By The Sea ќе биде сместен во 70-те години од 20-от век, а Бред ќе биде и еден од продуцентите на драмата.

Покрај Бред и Анџелина во останатите улоги ќе се појават и француските актери Нилс Ареструп и Мелани Лорен, која својата голема шанса ја имаше во филмот на Квентин Тарантино Inglourious Basterds.

Џоли веќе беше забележана на сетот на филмот кој моментално се снима на повеќе локации на Малта, а самата продукција започна уште кон крајот на август оваа година но мораше да биде прекината поради венчавката на Бред и Анџелина во Франција.

Анџелина покрај тоа што ќе ја толкува главната женска улога, го напиша и сценариото за филмот, а ќе биде и режисер по трет пат во нејзината кариера.

Премиерата на By The Sea се очекува следната година, а ова се првите фотографии од снимањето.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...