Batman VS Superman: Бетмен добива женски Робин?

Џена Малоун, една од најдобрите и највредните актерки од Холивуд можеби ќе биде дел од најновиот проект на режисерот Зек Снајдер Batman V Superman: Dawn of Justice.".

Според изјавите на статисите од филмот кои веќе изнесоа детали за снимањето, Џена е веќе дел од филмот на Снајдер, но се чека на официјална потврда од филмското студио за медиумите, и според нивните објави таа ќе ја толкува улогата на Робин, партнерот на Бетмен.

За сега нејзината улога во филмот се третира како „мистериозна“ но веќе беше забележана со нов имиџ, коса фарбана со црвена боја која најверојатно ќе ја има и во долго-очекуваниот блокбастер.

Улогата на Брус Вејн му беше доделена на Бен Афлек, додека пак Кларк Кент или Супермен во Batman V Superman: Dawn of Justice ќе го портретира англискиот актер, Хенри Кевил.

Во улогата на негативецот Лекс Лутор веќе беше одбран актерот Џеси Ејсенберг, додека пак Артур Кари попознат како Аквамен ќе го толкува актерот Џејсон Момоа, кој се прослави со серијата Game Of Thrones. Оскаровецот Џереми Ајронс ќе ја толкува улогата на Алфред, батлерот и ментор на Брус Вјен, а покрај Ејми Адамс како Луис Лејн во актерската екипа повторно ќе ја видиме и Дајан Лејн како Марта, мајката на Кларк Кент.

Оваа година Џена Малоун ќе биде дел од два одлични филма. Најновиот проект на режисер Пол Томас Андерсон, Inherent Vice, а ќе се појави и во блокбастерот The Hunger Games: Mockingjay – Part 1.

Џена Малоун е поранешна детска актерка која полека ја направи транзицијата во возрасните улоги, а до сега се појави во повеќе одлични проекти како: Contact, Stepmom, Donnie Darko, Cold Mountain, Into the Wild, The Messenger, Pride & Prejudice.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...